25 Ноември, 2024
0.0284

Интервју Ѓорѓи Јанчевски, НЛБ Тутунска: Кризата ќе се прелее и кон банките, ама ќе издржиме!

Објавено во: Финансии 04 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Ѓорѓи Јанчевски е еден од оние банкари кој често знае работите да ги каже јасно и исцрпно, без оглед на тоа дали соопштува добра или лоша вест. Во интервју за Фактор открива дека очекува кризата од реалниот сектор во 2013 та да почне да се прелева и кон банките, но смета дека банките имаат доволно силина и внатрешни ресурси да одговорат на предизвикот. Тој не очекува посилен пад на каматите, но смета дека кредити ќе има. Како и да е, вели Јанчевски многу работи ќе зависат од Еврозоната. Во однос на случувањата во НЛБ во Љубљана Јанчевски очекува издигнување на цврсти нозе, затоа што станува збор од групација која е многу важна за Словенија. Разговараше Анета Додевска Фактор Како ја оценувате банкарската 2012 та година? Кредитирањето беше со забавено темпо, се намалуваа депозитите на приватниот сектор, а растеше салдото на нефункционални кредити? Јанчевски 2012 година беше многу неизвесна за сите вклучително и банките. Кризата во реалниот сектор, се рефлектираше и кај банките. Кредитната активност се одвиваше многу поотежнато. Тука мислам на потешкотиите во изнаоѓањето клиенти кои имаат реална шанса да започнат нова инвестициска активност или  да склучат нови зделки, но и на многу пролонгации и реструктуирања кај добри компании кои поради променетите пазарни услови имаа проблеми за враќање на кредитите. Сепак порастот на кредитирањето за 5% или 175 мил. Еур заклучно со ноември укажува дека некои компании и покрај кризата успеваат да работат успешно. Депозитите на населението се зголемени за 4% или за 135 мил. Еур што во услови на намалена економска активност е сеуште светла точка во севкупната слика. Учеството на денарските депозити се зголеми од 49,2% во 2011 година на 52,69% додека учеството на долгорочните депозити е зголемено од 17,3% на 20,5%. Ваквите движења кај депозитите позитивно се одразија на стабилноста на банкарскиот сектор. Намалување на депозитите има кај правните лица што е очекувано со оглед на неликвидноста на компаниите, но кај населението се задржа позитивниот тренд. Може да речам дека поминавме една неизвесна година полна со ризици, но сепак банкарскиот сектор успеа да остане стабилен и ликвиден. Фактор Кои се последните податоци за состојбата со нефункционалните кредити? Јанчевски Според податоците од НБРМ во ноември салдото на нефункционални кредити изнесува 383 мил. Еур што е годишен пораст од  56 мил. Еур или 17%. Овие кредити во вкупното кредитно портфолио на банките учествуваат со 10,8% (2011: 9,7%). Речиси целиот пораст на нефункционалните кредити произлегува од корпоративниот сектор што ја отсликува и моменталната состојбата во тој сегмент. Нефункционалните кредити кај правните лица изнесуваат 13,1%, кај населението 7,4%. НЕМА ДА ПАЃААТ КАМАТИТЕ Фактор Дали НБМ во годината што измина имаше простор за посериозно олабавување на монетарната политика? Јанчевски Монетарната политика е доста релаксирана. Со самото тоа што референтната каматна стапка беше намалена на 3,75%, при аукции на записи со ограничена камата и неограничен износ за запис на средства, значи дека НБРМ во 2012 година водеше политика на истиснување на парите од банкарскиот сектор и нивно пласирање во реалниот сектор, кај компаниите и граѓаните. Тоа е лабава монетарна политика и мислам дека простор за нејзино понатамошно олабавување во моментот нема со оглед дека надворешната побарувачка во ситуацијата во која моментално сме не зависи од нас туку од еврозоната. Секое понатамошно олабавување може да ја подгрее домашната инфлација, а тоа во моментот е непотребно. Банките чуваат близу 800 мил. Еур ликвидни средства во хартии од вредност кои доколку има реално раздвижување во економијата може да се пласираат со релативно ефтини каматни стапки. Фактор Со какви проекции и очекувања за кредитниот раст почнува 2013 та? Јанчевски Според проекциите на НБРМ од ноември кредитниот раст во 2013 година ќе продолжи со стапка од 7%, значи отприлика  како и годинешниот раст, што според нашите согледувања е солидно со оглед дека 2013 година ќе биде подеднакво неизвесна како и 2012, не само кај нас туку и глобално. За банките, а и за реалниот сектор е важно дека кредити ќе има и дека кредитната активност ќе продолжи континуирано да се одвива како би се овозможила поддршка на економските активности. Потешкотии ќе има, ќе има и нови нефункционални кредити кај одделни компании. Но тие проблеми како и до сега ќе ги решаваме со дополнителни мерки, пролонгација на роковите, реструктуирање и слично. Фактор Ќе има ли можност за намалување на каматите за кредитите? Јанчевски Каматите на кредитите зависат од цената на изворите и од монетарната политика. Во услови на релаксирање на монетарната политика од средината на 2011 година, а која продолжи и во 2012, дојде до брзо намалување на каматите на кредитите, додека кај депозитите тоа ценовно прилагодување оди многу по споро. Во такви услови се намалува приходот од кој банките може да издвојуваат резерви за покривање на потенцијалните шокови од кредитните ризици кои ги носи економската криза. Секој нефункционален кредит значи загубен капитал за банките кој треба да се покрие со резервации од добивката. Со оглед дека се соочуваме со уште една неизвесна година, не очекувам општ пад на каматите на кредитите. Намалување може да има кај одделни кредитни продукти во зависност од степенот на ризик кој го носат, а ќе зависи од деловните и продажните планови на секоја одделна банка за 2013 година. Фактор Дел од експертската јавност вели дека 2013 та ќе бида година што ќе донесе неизвесност за денарското штедење (ќе порасне задолжувањето на државата во девизи, продлабочен дефицит, денарот ќе губи од вредноста) Јанчевски Денарското штедење во повеќе наврати се покажа како многу стабилно, и покрај сите шпекулации кои беа пуштани во јавноста. Во 2009 година, шпекулациите за девалвација на денарот донесоа стагнација на штедењето два три месеци, потоа работите продолжија по својот нормален тек. Штедните депозити континуирано растат, при што динамиката на денарското штедење е побрза што ја одразува доверба во домашната валута. Задолжувањето на државата и до сега беше и во девизи и во денари, а верувам дека и НБРМ и Владата плановите за задолжување ги конципираат согласно стратешката определба за долгорочна стабилност на денарот со оглед дека стабилен денар е предуслов за привлекување нови инвестиции. КРИЗАТА ОД РЕАЛНИОТ СЕКТОР ЌЕ ГИ ЧЕПНЕ БАНКИТЕ Фактор Академик Беџети посочи дека тoкму 2013 та ќе биде една од покритичните години, кризата од реалниот сектор според него ќе се прелее во банкарскиот.... можно ли е тоа да се случи ? Јанчевски Следната година очекувам дека ќе биде слична на 2012 година. Проблеми во реалниот сектор, посебно во корпоративниот сегмент ќе има,  со оглед дека од Еврозоната се најавува за уште една стагнантна година. Нормално е во такви услови да се очекува зголемен ризик од прелевање на проблемите од еден во друг сектор. Порастот на нефункционалните кредити е еден од показателите колкав дел од проблемите ќе се пренесе кај банките, со оглед дека тоа се средства со кои банките привремено не располагаат. Активирањето на хипотеките привремено ја решава наплатата на побарувањата, но со оглед дека ликвидноста на пазарот на недвижнини е опадната, продажбата на хипотеките оди отежнато. Сепак, како што споменав и претходно, Банките преземаат мерки за заштита од ваквите ризици. Издвојувањето  резерви од добивките има за цел покривање на потенцијални загуби кои можат да произлезат при зголемен кредитен ризик како што е ситуацијата во последниве две години. Од аспект на ликвидноста, тоа што значителен износ на средства се чува во ликвидни нискоризични хартии од вредност, ни овозможува да бидеме поотпорни на ликвидносни шокови. Значи севкупно сметам дека секторот е стабилен и дека конзервативната политика која до сега се водеше ќе биде солидна основа да се надмине кризата. Фактор Зошто и натаму владините и благајничките записи (и покрај намалените камати) ги сметате за најсигурен начин за вложување на парите? Јанчевски Вложувањето во краткорочни ликвидни хартии од вредност на државата кај држави кои имаат нешпекулативен рејтинг, секаде па и кај нас, се смета за нискоризично вложување. Затоа и приносот на тие инструменти е минимален. Банките вложуваат во овие хартии, со цел да ја менаџираат краткорочната ликвидност и да го подобрат искористувањето на слободни средства со обезбедување принос на истите. Кај нас ситуацијата со високото ниво на благајнички и државни записи го одразува моменталниот зголемен ризик во реалниот сектор. Инаку како што одат промените во Базелската регулатива за банките на глобално ниво после должничката криза во еврозоната, се повеќе ќе гледаме како банките со регулатива ќе бидат приморани да чуваат високи салда на средства во ликвидни хартии од вредност кај централната банка или кај државите со нешпекулативен рејтинг. Фактор Каде ќе ги лоцирате клучните ризици за банкарскиот сектор  годинава – на домашен и на надворешен план? Јанчевски Ризикот повторно произлегува од случувањата во еврозоната и нивната рефлексија кај нашиот реален сектор. Ако нашите компании успеат да добијат договори за работа со странските партнери, тоа ќе им ја подобри ликвидноста и профитабилноста, а ќе го подобри и квалитетот на кредитното портфолио кај банките. Од друга страна тоа ќе значи и зголемен девизен прилив во државата што пак влијае на намалување на валутниот ризик и стабилноста на денарот. Фактор Дали 2013 та ја почнуваме со буџет што ќе  одговори на реалноста? Јанчевски Буџетот е план кој го прави Владата согласно планираните активности за следната година како што и секоја компанија прави свои планови како ќе работи понатаму. Верувам дека истиот го прават според нивните правила на работа. НЛБ ГРУПАЦИЈАТА ЌЕ СЕ ИЗДИГНЕ ПОВТОРНО Фактор Каква е состојбата со НЛБ Тутунска банка во словенија, до каде е најавената докапитализација на банката од страна на државата? Како состојбата во матичната банка се одразува на НЛБ Тутунска во Македонија? Јанчевски НЛБ Тутунска банка е една од најголемите и најуспешните банки во НЛБ Групацијата. Ние сме самостојни во обавување на дејноста и имаме сопствени извори за финансирање, така што случувањата кај матичната банка немаат директно влијание кај нас. НЛБ Тутунска банка и следната година ќе работи спрема потребите на локалниот пазар и околностите кои ги креира домашната економија, така што верувам дека и 2013 за Банката ќе биде подеднакво успешна како изминатава година. Во НЛБ Љубљана од ноември почна со работа нова Управа на Банката која треба да се комплетира до март наредната година. Новата Управа ќе донесе и нови стратегии за работа на Банката кои верувам дека ќе бидат во насока на повторно издигнување на Банката на цврсти нозе и враќање на пазарот како еден од најдобрите брендови на бившојугословенските простори. Докапитализацијата од страна на државата е сеуште во постапка со оглед дека Словенија како дел од Европската унија потпаѓа под регулатива на Европската комисија. НЛБ Љубљана е стратешки важна банка за словенечката држава и верувам дека разрешница за Банката треба да се очекува следната година. Со оглед дека сме дел од една поширока финансиска групација, нормално е дека ние секојдневно ги следиме случувањата во Љубљана и се обидуваме да партиципираме во остварувањето на стратегијата на Групацијата. Ативностите со Групацијата се одвиваат тековно, има многу проекти од различни области на работењето кои се однесуваат на подобрување на технологиите и усогласување со новите меѓународни регулативи.  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен