13 Мај, 2024
0.0254

ИНТЕРВЈУ ИВАНОСКА: Ги нудиме најдобрите можности за успешен старт во креативните индустрии

Објавено во: Мои пари 08 Април, 2016

Добивај вести на Viber

„Нашата тајна не е воопшто тајна. Нашиот пристап на модерна едукација се фокусира на поединецот/клиентот и неговите специфични потреби.  Оваа формула целосно кореспондира со глобалниот тренд на персонализирано учење спомнат погоре.

Излегуваме од шаблони, експериментираме, не се задоволуваме со конвенционалните модели, бараме и дизајнираме нови концепти се со цел да одговориме на секој индивидуално и најважно препознаваме и поддржуваме  таленти.

Паралелно со програмата, работиме на проширување и развој на нашиот тим кој покрај експертизата мора да има и силни менторски афинитети“.

Генералната менаџерка на Сеавус Едукативен и Развоен центар, г-ѓа Весна Иваноска за Фактор раскажува за тоа како Сеавус стана лидер на пазарот, за новата програма за Бизнис симулација, кои се  новите проекти што ги подготвува СЕДЦ и кадри генерира СЕДЦ.

IMG_0033Какви се трендовите на неформалното образование компаративно со формалното во глобални и локални рамки?

Она што вообичаено се очекува од неформалното образование, покрај неговата ефикасност и брзи резултати, е флексибилностa односно способноста со која се прилагодува на новите трендови, секако, задржувајќи квалитет и подобрувајќи го целокупното искуство на клиентот.

Но, се чини дека неформалното образование не само што следи тенденции, туку  и креира трендови и иновации во учењето што е навистина одлично. Кога сме кај трендовите, тие забрзано се менуваат и прогресираат. Ако пред некое време, образованието и особено неформалното, тежнееше да биде  учење базирано на компетенции, набрзо се покажа дека тоа мора плус да се надополни и со алтернативно мобилно учење (онлине), односно учење било каде било кога, а потоа и блендирано, односно комбинирано учење. Сега веќе доминира  еден нов трендкој инсистира на т.н. персонализирано учење - учење прилагодено на карактеристиките, афинитетите и потенцијалите на секој поединец, кој не секогаш се вклопува во стандардизираните програми колку и да се тие совршени.

Последново е навистина голем предизвик за сите нас кои се занимаваме со едукација бидејќи бара повеќе ресурси од секој аспект, но од друга страна е одлична тенденција каде резултатите се исклучителни.

Која е причината што најрапидниот прогрес на неформалното образование е во креативните и ИТ индустрии?

Ако креативните индустрии ги опишеме како комерцијализација на уметност, креативност, идеја, знаење и информација, сосем е разбирливо за колку неограничувачка област зборуваме. Овие индустрии во кои меѓу останатите влегуваат и софтверската, филмската, гејминг индустријата и уште многу други атрактивни сфери, почиваат на уникатен спој на имагинација, талент и вештини, а со развојот на технологијата се претвораат во вистиска магија, јас би додала, скапа магија. Само за илустрација оваа гранка  на Велика Британија минатата година  и донесе околу 77 милијарди фунти. Од тука разбирлива е потребата за разнолика, брза и инвентивна едукација во оваа област која станува атрактивна како никогаш досега. Неформалното образование, необременето со админстративни бариери, секако многу поефикасно во секоја смисла,  ќе одговори на овој глобален тренд.

За кратко време Едукативниот и развоен центар Сивус стана лидер на пазарот. На што се должи растот?

Нашата тајна не е воопшто тајна. Нашиот пристап на модерна едукација се фокусира на поединецот/клиентот и неговите специфични потреби.  Оваа формула целосно кореспондира со глобалниот тренд на персонализирано учење спомнато погоре.

Излегуваме од шаблони, експериментираме, не се задоволуваме со конвенционалните модели, бараме и дизајнираме нови концепти се со цел да одговориме на секој индивидуално и најважно препознаваме и поддржуваме  таленти.

Паралелно со програмата,  работиме на проширување и развој на нашиот тим кој покрај експертизата мора да има и силни менторски афинитети.

Дополнително успеавме да создадеме одлична мрежа на партнерски компании со кои внимателно градиме односи на доверба и заеднички интереси. Тие во голема мера придонесуваат за збогатувањето на можностите што ги нудиме.

Најважно сепак ни е да создадеме мрежа внатре – Алумни мрежа меѓу нашите студенти, актуелни и поранешни и да ги поттикнеме на заедничка работа, проекти, а веќе и заеднички компании.

Алумни - мрежата во моментов брои околу 1000 студенти кои преку наше иницијално посреднишво добиваат можност за меѓусебна соработка и професионална поддршка.

Нашата најголема компетитивна предност е сепак програмата за “поддршка потоа” .Веќе не ни е битно само што тоа ќе научат нашите студенти, туку како ќе го употребат своето знаење, каде ќе работат, што ќе создадат.

Скоро воведовте новина на пазарот – програма за Бизнис симулација. Како се одвиваше привиот циклус на симулации и кои се плановите за понатаму?

Минатата година фокус ставивме на нашиот проект Бизнис Симулатор, препознаен и поддржан и до IME проектот на Swiss contact и Преда Плус со кој всушност сакавме да ги соочиме нашите студенти со бизнис реалноста, една од најчесто спомнуваните проблеми на работодавачите.

Покажавме како еден, амбициозен и комплексен проект на крајот може да се претвори во успешна приказна на 16 студенти кои во периодот од 3 месеци од завршувањето на проектот Бизнис симулатор го најдоа своето прво вработување, а дел создадоа и свои компании.

Тоа во надградена форма со нови партнери, меѓу кои и дел од најголемите и најпосакувани работодавачи во земјава,  ќе го правиме и оваа година..

Бизнис симулаторот од годинава и официјално  станува дел од Академијата како една од двете можни насоки за специјализација.

Пред- Старт –ап” програмата или Претприемништво е главната новина годинава. Што е целта за програмата за претприемништво?

Intervju (1)Втората насока што нашите студенти ќе можат да ја изберат по завршувањето на редовната 10 месечна  програма или академија е т.н. “ПРЕД – СТАРТ AП” програма или програма за претприемништво. Имајќи предвид дека неодамна Сеавус го лансираше и првиот најголем инкубатор, со оваа, заеднички креирана програма, заокружуваме еден комплетен ЕКО–СИСТЕМ, единствен кај нас и во регионот.

Тука морам гордо да признаам дека оваа програма, меѓу другото  е инспирирана од наши минатогодишни студенти кои формираа компании и кои во тој процес се соочија со многу непознаници, одлучивме на следната генерација да и дадеме подобра појдовна позиција. Стар -aп движењето е голем тренд во светски рамки и ме радува што почнува сериозно да живее и кај нас во кое веруваме нашата компанија ќе одигра битна улога.

“Пред –старт-aп” програмата, е следно ниво после Бизнис симулаторот со која ќе ги опфатиме двете природни тенденции – од една страна ќе ги подготвиме студентите за бизнис секторот, а со втората ќе им поттикнеме претприемнички менталитет и ќе ги подготвиме со знаење и што е најважно, во Инкубаторот ќе им помогнеме да го изодат тој пат.

За оваа програма активно контактираме со тренинг центри и консултанти од Лондон, Велика Британија - центарот на Старт ап движењето во Европа, а во подготовка се и првите активности за трансфер на знаења и искуства на нашиот тим, токму во Лондон.

Кои проекти ги подготвува СЕДЦ во моментов? (програма за претприемништво, Итинк)

IThink”e нашиот најнов продукт - проект на кој работиме неколку месеци со најголем тим досега и на кој искрено многу му се радуваме. Ithink ќе биде првата воведна Академија за деца од областа на технологијата чија основна цел е нејзина афирмација меѓу младите преку логично и креативно решавање предизвици и проблеми со помош на технологија.

По која метoдологија ќе работи iThink академијата за деца?

Кога почнавме да го создаваме проектот, си ветивме дека она што ќе го прави уникатен и неповторлив ќе биде методологијата, односно пристапот со кој ќе им ја демистифицираме технологијата на најмладите, но не од аспект на тоа дека тие не ја сакаат и не ја користат, напротив, туку од аспект на тоа дека ќе им покажеме колку корисна алатка може да биде за решавање конкретни цели и при тоа процесот ќе биде забавен, во комплетно релаксирана и креативна околина.

Токму затоа слоганот или пораката што ја праќаме до децата е “IТhink You’ll love the magic we create with technology” – односно дека знаме дека тие ќе ја сакаат магијата што ние во IТhink ќе покажеме дека ја правиме со помош на технологијата. Програмата е склоп на 6 модули: “Почни со ИТ”;“Мистериите на интернетот”;“Ајде да дизајнираме”;“Забавно програмирање”; и “Сакам роботи”. Петте модули ќе бидат надополнети со еден модул Јас и другите”  кој ќе биде испреплетен со носечките модули, а се однесува на комуникaциски развој и јакнење на самодовербата преку проекти кои промовираат тимска работа, одговорност, грижа за другите и средината и секако повторно преку користење на технологијата.

Комбинацијата на модули е наше уникатно дело, а внатре секој од модулите комбинира конкретни стандардизирани  препознатливи методологии, како на пример Микрософтовите програми за деца, потоа специјализирани софтверски алатки за дизајн и програми и хардверски сетови (роботи) за роботика и уште многу други изненадувања.

Без намера да звучиме претенциозно, со овој проект сакаме на децата да им обезбедиме иднина, знаејќи дека забрзано доаѓа ера на  ИТ професионалци. Но поважно е дека и оние кои нема да ја изберат оваа област ќе мора да ги познаваат техннологиите и нивната употреба.

Какви кадри генерира СЕДЦ?

СЕДЦ пред се се труди да креира храбри, креативни, флексибилни  и одговорни професионалци кои се во чекор со се она што се случува во во областа што ја студираат, во случајов креативните индустрии. Покрај специфичните вештини, работиме на тоа да им го доближиме поширокиот бизнис контекст како би можеле  брзо да се снајдат го валоризираат своето знаење без разлика дали ќе одлучат својата кариера да ја градат во некоја компанија или пак ќе креираат сопствен бизнис. Во тој процес откриваме исклучителни таленти за кои секогаш сме подготвени да најдеме начин да ги поддржиме преку стипендија, пракса или работен ангажман во некоја од нашите компании, ангажман на комерцијални проекти на посериозни проекти на партнерски компании или интерни активности. Тоа пред се  зависи од афинитетите и подготвеноста  на студентите да го прифатат предизвикот.

Можеби ќе ве интересира

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“