04 Декември, 2024
0.0251

ИНТЕРВЈУ Јованка Јолеска-Поповска, Прокредит: Каматите во моментов се на историски најниското ниво

Објавено во: Финансии 02 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Како развојно ориентирана банка, сметаме дека компаниите се движечка сила во економијата и преку нивната поддршка се поддржува развојот во економијата вели во интервју за Фактор Јованка Јолеска-Поповска генерален директор на Прокредит банка Македонија. За 2014 очекуваме благо подобрување на економската ситуација, без притоа значително да се разликува од она што се случуваше во 2013, вели Јолевска Поповска. Фактор Во текот на речиси целата 2013 година кредитирањето на компаниите на ниво на банкарски сектор постојано одеше надолу, а според податоците на централната банка, тоа во октомври се намали за 4,6 милиони евра. Може ли да се каже дека фирмите станаа еден вид „непожелни“ клиенти за банките, и зошто? Јолеска-Поповска На ниво на банкарски сектор се бележи пад на кредитирањето кон компаниите, но сепак, трендот не е ист во секоја банка. ПроКредит Банка над 90 отсто од кредитното портфолио го пласира токму кон компаниите и агро сегментот. Активно ги финансиравме компаниите и оваа година, и заклучно со ноември годинава бележиме раст на кредитирањето кон компаниите од 11,18 отсто. Можеме да потенцираме дека и понатаму остануваме отворени за кредитирање на компании со добра визија, добри планови за инвестиција, развојни и квалитетни проекти, прилагодено според нивниот пазарен и финансиски капацитет. Фактор На последната средба со гувернерот Димитар Богов бизнисмените му се пожалија дека им недостигаат долгорочни кредити за инвестиции, кои, според нив, овдешните банки не им ги одобруваат. Зошто е така, и што конкретно Прокредит банка прави на тој план? Јолеска-Поповска Како за сите кредити, а пред се оние за долгорочни инвестиции, она што е значајно е оправданоста на инвестицијата и колку бизнисот во дадениот рок ќе успее истата да ја поддржи со своето тековно работење. ПроКредит, со условите кои ги нуди во изминатава година, и уште повеќе во годината која претстои, ќе ги поддржува таквите чекори на бизнисите. Нудиме кредити со продолжени рокови до 15 години наменети за долгорочни проекти, како и широка палета на финансиски услуги адаптирани на индивидуалните потреби на бизнисите. Фактор Висината на каматните стапки на кредитите и натаму е во редот на клучните забелешки на стопанствениците до домашниот банкарски сектор. Зошто бизнисот тешко доаѓа до поевтино кредитирање? Јолеска-Поповска Каматните стапки зависат од повеќе фактори: депозитната база, изворот на средства за кредитирање, оценката на нивото на ризик кој го има на пазарот. Каматаните стапки се намалувани неколку пати и моментално се на историско најниско ниво. Фактор Народна банка на Македонија донесе серија мерки со цел банките повеќе да ги кредитираат компаниите и со пониски каматни стапки. Колку Прокредит банка ги следи овие сигнали од монетарната власт? Јолеска-Поповска Добредојдени се сите мерки кои се во насока на кредитирање на компаниите по поповолни услови. Банката ги следи и имплементира мерките во таа насока. ПроКредит Банка неколку години по ред бележи пораст во кредитирањето кон компаниите, и тоа 9,6 отсто во 2010, 10,6 отсто во 2011, потоа 13,2 отсто во 2012 година, и заклучно ноември 2013 пораст од 11,18 отсто. Фактор Како главно оправдување на банкарите зошто бизнисот помалку добива кредити тие ги наведуваат лошите пласмани, кои во октомври достигнаа 428 милиони евра или 11,6 отсто од кредитното портфолио, но процентот е многу повисок токму кај фирмите. Загрижувачко ли е ова ниво и колку долго тоа може да го држи „под мраз“ позначајното кредитирање? Јолеска-Поповска Процентот на нефункционални кредити на ниво на банкарски сектор забележа благ пораст, но сеуште е на контролирано ниво. ПроКредит Банка го одржува квалитетот на портфолиото од самиот почеток на работењето. Заклучно со ноември 2013 година стапката на нефункционални кредити во банката изнесува 3 отсто. Квалитетот на кредитното портфолио го одржуваме преку разбирање на потребите и работењето на бизнисите, солидна кредитна анализа и финансиско советување. Солидната кредитна проценка и пружање на финансиска услуга според потребите на бизнисот е значајна токму поради тоа – да се насочат средствата кон значајни или добри проекти, кои овозможуваат одржливост и развој на компаниите, имаат развоен ефект во економијата и овозможуваат поврат на средствата, за да не се лимитира позначајното кредитирање. Фактор Кога станува збор за населението, банките како да се натпреваруваат кој повеќе ќе го кредитира. Зошто, и постои ли опасност да дојде до презадолженост на граѓанството? Јолеска-Поповска Како развојно ориентирана банка, сметаме дека компаниите се движечка сила во економијата и преку нивната поддршка се поддржува развојот во економијата. Поради тоа, како што нагласивме, ПроКредит Банка поголем дел од средствата пласира во кредитирање на компаниите . Во понудата на кредитирање за населението, ПроКредит Банка од самиот почеток се залага да пружи одговорно и транспаретно банкарство на македонските граѓани, кое ќе ги заштити токму од презадолженост и непродуктивни трошења. Фактор Штедењето во банките, побрзо или побавно, расте во континуитет. Но, од друга страна, банките постојано ги намалуваат каматите на штедните влогови. Може ли тоа негативно да влијае врз банкарските депозити? Јолеска-Поповска Намалувањето на каматните стапки на депозитите има влијание врз намалување на камтните стапки на кредитите, што значи дека каматните стапки на крајот го постигнуваат своето пазарно ниво. Сметам дека ова намалување не би имало негативен ефект врз штедењето и банкарските депозити, бидејќи, покрај каматните стапки, постојат и други фактори кои влијаат на штедењето, како репутацијата на банката и сигурноста на средствата на граѓаните. Здраво е за граѓаните и економијата да се поддржува културата на штедење. Фактор Прокредит банка неодамна прослави 10 години од своето работење во Македонија. Какви се Вашите впечатоци, ги постигна ли банката своите цели од пред десет години, и какви се перспективите за наредниот период? Јолеска-Поповска ПроКредит Банка започна како гринфилд инвестиција, без превземање на постоечка банка и постоечки клиенти. За 10 годишното работење достигнеме кредитно портфолио од 202 милиони евра, депозитно портфолио од 166 милиони евра, банката опслужува околу 25.000 бизнис клиенти и 62.599 физички лица. Многу бизниси за прв пат добија финансирање од банка, и сите изминати години го поддржувавме нивниот развој. Продолжуваме со исполнување на нашата развојна мисија, поддршка на македонските бизниси, со акцент на поддршка на производствените компании, енергетско ефикасни инвестиции и органско производство. Фактор Малите и средните компании Ви беа во фокусот. Колку мислите дека им помогнавте и ги оправдаа ли овие бизниси Вашите очекувања? Јолеска-Поповска Многу малите, малите и средните компании ни се во фокусот од самиот почеток на работењето и остануваат и понатаму. Работевме активно, на терен со бизнисите, секогаш стремејќи се за навремено идентификување на нивните потреби и пружање на соодветна услуга. Преку поддршката во изминатите 10 години многу мали и мали компании се развија и успешно го одржуваат своето темпо на работење. Сметаме дека финансиската поддршка е неопходна за развој на компаниите. Сите изминати години во континуитет имаше раст на мали и средни компании со добри визии и развојно ориентирани планови. Фактор Владата и НБМ се оптимисти за македонската економија за наредниот период, но Европа, каде што се нашите најзначајни трговски партнери, многу тешко и бавно заздравува од кризата. Какви се вашите очекувања? Јолеска-Поповска Бруто домашниот производ заклучно со третиот квартал годинава бележи пораст од 3,3 отсто, а макроекономските предвидувања очекуваат пораст на БДП поголем од 3 отсто во 2014 година. Ставовите за Европа се поделени, но Европската економија појавува позитивни сигнали на заздравување. Очекуваме благо подобрување на економската ситуација, без притоа значително да се разликува од она што се случуваше во 2013. Веруваме во способностите за одржливо и развојно работење на компаниите и прилагодување на работењето на условите на пазарот. Теоретски гледано, закрепнувањето на Еврозоната ќе ги зголеми можностите за нашите извозници, ќе отвори простор за зголемено индустриско производство и зголемени приливи од странство, што секако, би влијаело на општата економска состојба и на помалите бизнис субјекти. Ф.Н.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

МВР го појача возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го појача возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра