Ристе Јуруковски, Комерцијален директор - Бионика Фармацеутикалс
Интервју Јуруковски: Произведуваме иновативни фармацевтски производи за македонскиот и европскиот пазар
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2018 07:00
Динамичниот живот на популацијата денес ја зголемува потребата од користење на додатоци na исхраната, а во развиените земји тоа е секојдневие. Овие производи помагаат во регулирање на дневниот внес на нутритивните вредности во организмот. Додатоците na исхраната сẻ повеќе ги консумираат и граѓаните во Македонија, вели Ристе Јуруковски, комерцијален директор на Бионика Фармацеутикалс. Компанијата во која раководи има сопствено производство, најмногу на природни гинеколошки додатоци за женското здравје, но и медицински средства и лекови, а 40 проценти од производството е наменето за извоз. Неодамна, во јавноста имаше бура реакции откако компанијата ја одржа промоцијата на производот Вигорикс Интенс во студентскиот кампус на УКИМ. Јуруковски вели дека тој производ е природен и одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство и се наоѓа во слободна продажба веќе три години, а состојките во составот поволно влијаат на функционирањето на нервниот систем и на зголемување на менталната активност.
· Многу се зборуваше во јавноста кога Бионика Фармацеутикалс ја одржа промоцијата на производот Вигорикс Интенс во студентскиот кампус на УКИМ од аспект на тоа за каков производ станува збор, поточно каков е неговиот состав?

· Која беше целта на кампањата и зошто промоцијата се случуваше токму во студентскиот кампус на УКИМ?
Станува збор за стандардна промотивна кампања на производ, нешто што е вообичаена пракса во маркетингот, но она што ние го направивме не стандардно и не случајно е изборот на промотерите т.е. луѓето кои беа задолжени за презентација на производот. Тоа се колеги вработени во Бионика Фармацеутикалс, доктори и фармацевти, исклучително стручни во своите области.
Кампањата имаше за цел, преку директен контакт на нашите вработени со потенцијалните потрошувачи, да се презентираат карактеристиките на производот Вигорис Интенс и придобивките од неговата употреба. Ова е една од најефикасните промотивни алатки и начин на кој пораката и информациите се пренесуваат точно и целосно.
За потребите на промоцијата на Вигорис Интенс, беше изработено специјално промотивно пакување кое, исто како и комерцијалното пакување и согласно правилата, ги содржеше сите елементи од аспект на составот на производот и неговите својства. Изборот на локацијата за промоција беше направен согласно целната група наведена во упатството за користење, во конкретниот случај, возрасни граѓани, меѓу кои се и студентите. Би сакал да додадам дека кампусот на УКИМ е само едно од местата каде сме ги промовирале нашите производи. Додатоците на исхрана се во слободна продажба на сите места, не само во аптеките, а со тоа и местата за промоција на овој вид на производи не сеограничени. Во земјите каде индустријата и пазарот на додатоци на исхрана се поразвиени, овие производи најчесто се продаваат восупермаркети и продавници за стока за широка потрошувачка.
· Сепак во јавноста имаше доста реакции..
Најнапред би сакал да изразам жалење за недоразбирањата и коментарите кои излегоа во јавноста, оспорувајќи го производот и изборот на локацијата. Тоа што го увидовме по оваа промотивна кампања е дека ние, како производител и на додатоци на исхрана и како компанија која се грижи за своите граѓаните и своите потрошувачи, пред сẻ треба да работиме на едукативни кампањи и содржини со цел на јавноста да и доближиме што повеќе информации за ваквите производи. Додатоците на исхрана по својот состав и карактеристики се многу блиску до прехранбените производи и од тој аспект тие се безбедни за користење, без несакани дејства доколку се користат согласно препораките. Додатоците на исхрана се во широка употреба и оваа индустрија во светот бележи динамичен развој.
Од друга страна, во оваа прилика би сакал да изразам благодарност за поддршката на стручната јавност, нашите партнери и државните институции, Министерството за здравство и Агенцијата за храна и ветеринарство, кои навремено и професионално излегоа со точни и прецизни информации за производот, одговарајќи на прашањата на медиумите и реакциите на јавноста.

· Генерално, граѓаните во последно време сẻ почесто користат додатоци на исхрана? Колку истите се препорачливи?
Додатоците на исхрана се настанати како резултат на задоволување на потребите на современиот и динамичен живот на луѓето, сẻ поголемиот стрес и нервоза, штетните влијанија од околината, загадувањето и се понеквалитената и понередовна исхрана. Освен преку балансирана исхрана, нутритивните потреби на организмот, витамините, минералите и другите природни микронутритиенти можат да се задоволат и преку внесување на додатоци на исхрана. Овие производи помагаат во регулирање на дневниот внес на нутритивните вредности во организмот. Доколку се користат согласно препораките наведени во упатствата, тие помагаат во подобрување на некои здравствени состојби и влијаат позитивно за надминување на истите. Кај нас употребата на овие производи бележи раст, но е сẻ уште на почетниот стадиум на развој во споредба со земјите од западна Европа и САД, од каде што се и почетоците на оваа индустрија, а каде истите се веќе секојдневна пракса.

· Која е Бионика Фармацеутикалс, каква е палатета на производи кои Вие ги произведувате и продавате?
Бионика Фармацеутикалс e фармацевтска производствена компанија која својот развоен пат го започна пред 9 години врз основа на долгогодишното успешно работење на компаниите основачи, а производствениот капацитет и логистиката се дизајнирани да ги задоволат барањата на нашиот пазар, но и на пазарите од регионот на Југоисточна Европа и пошироко.
Нашето портфолио се состои од лекови, медицински средства и додатоци на исхрана. Како основен двигател на растот на Бионика Фармацеутикалс е вложувањето во развојот на сопствените производи. Грижливата селекција на портфолиото овозможува производите секогаш да имаат додадена вредност за потрошувачите од аспект на подобрена формулација, уникатна комбинација на активни состојки, прилагодена јачина, фармацевтска форма или целосно иновативен производ.
Значаен дел од портфолиото на Бионика Фармацеутикалс го сочинуваат и производи добиени со склучени договори за соработка и партнерства со глобални фармацевтски компании од Европската Унија и САД. Токму преку овие договори, Бионика овозможува присуство на иновативни производи како во Македонија така и на пазарите каде настапува.

· Како се произведуваат, каков е процесот на производство и каде се прават?
Обезбедувањето на квалитетни производи се должи на добро воспоставениот Систем за управување со квалитет. Процесите во производството, лабораторијата за контрола на квалитет и микробиолошката лабораторија ги исполнуваат највисоките стандарди на Добрата Производствена Пракса. Сите овие воспоставени услови овозможуваат производство на квалитетни производи, конкурентни на пазарите на кои се присутни.
Условите во производствените простории и магацинскиот простор се строго контролирани и потврдени со сертификати за имплементирани стандарди за производство според Добрата производствена пракса и Добрата пракса за чување на фармацевтски производи.
· Која е вашата стратегија за следниот период?
Како што споменав, денес производите на Бионика Фармацеутикалс, покрај во Македонија, се присутни на пазарите на Европската Унија и Југоисточна Европа со што компанијата остварува 40 проценти од своите приходи од извоз. Со тоа успешно ја комплетиравме првата фаза од нашиот стратешки развој. Нашата стратегија за иднината е зацврстување на пазарните позиции на пазарите каде сме присутни и проширување на нови региони.
Што се однесува до портфолиото, најголем број од нашите производи се од групата на гинеколошки производи и ние сме целосно посветени на женското здравје, покривајќи ги специфично сегментираните потреби за третман на најразлични состојби. Како втор најголем сегмент се производите за гастроентерохепатологија, каде имаме еден од најиновативните лекови за третман на хемороиди, една од најраспространетите појави.

· Работите и на полето на општествената одговорност. Во која насока?
Ние во Бионика Фармацеутикалс веруваме дека освен стратегијата за одржлив развој, вложувањата во заедницата во која работиме и грижата за истата се нашиот параметар за успех. Основните вредности во кои компанијата континуирано вложува и на кои ги темели своите активности се развојот на човечкиот капитал и соработкaтa со различни граѓански здруженија и асоцијации, помагајќи на тој начин за подобрување на целокупните услови во поширокото опкружување.
Секако многу значаен сегмент од работењето на Бионика Фармацеутикалс е заштита и зачувување на животната средина. Така, нашите заложби за здрава животна средина се интегрирани во целокупните процеси, почнувајќи од материјалите кои се користат, оптимизацијата на процесите во производството и секако правилното управување со отпадот.
Александра Томиќ
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




