05 Декември, 2025
0.0326

ИНТЕРВЈУ КАМЧЕВ: За пазарите на капитал минатата година беше една од најдобрите!

Објавено во: Финансии 22 Јануари, 2015 08:23

Добивај вести на Viber

2014 година во однос на пазарите на капитал, беше една од најдобрите во последните неколку години. Најголемите централни банки генерално дејствуваа во иста насока и со разлабавување” на монетарните политики го поттикнаа економскиот развој,вели во интервју за Фактор, Лазе Камчев од КД Фондови. Во таа насока веќе можеме со сигурност да говориме дека финансиската криза и нејзините последици се надминати особено во Америка. Таа беше своевиден двигател на економскиот раст и глобалното закрепнување.  Закрепнувањето може да се согледа во неколку параметри. Имаме пад на невработеноста од највисоки 10% во време на економската криза на 5,8% што е спвоевиден просек. Голем дел од компаниите влегоа во процес на раздолжување и значително се намалени нивните кредитни обврски а ликвидноста им е значително подобрена. Инфлацијата беше во рамките на очекувањата и изнесуваше 1,6%. Севкупните параметри влијаеа на раст на довербата кај инвеститорите што допополително допринесе на зголемување на вредноста на доларот во однос на другите валути. ФакторКако ја оценувате европската економија и пазарите на капитал во изминатата година? Л.Камчев: За разлика од Американската економија, Европската економија во 2014 година беше под очекувањата.  Испорача ниско ниво на раст и инфлација која беше околу нулата. Дополнителното намалување на цената на нафтата влијаеше во декември да има негативна стапка на инфлација. Стапката на невработеност во ЕУ во 2014 остана висока на околу 10%. Разлика помеѓу јадрото и европската периферија сеуште е изразено, но со тоа што во втората половина од 2014 Германската економија потфрли во очекувањата а Шпанија имаше посолидни резултати. Конфликтот во Украина и санкциите во Русија во најголема мера ја погодија европската економија. Природно географски соработката на Европските земји со Русија беше најголема и оваа состојба представувше масло на огнот на ионака кревката европска економија. Поради ова за очекување се спормедување на фискални и монетарни мерки а Европската централна банка е исправена пред предизвиците да го поттикне економскиот раст и да ја донесе стапката на инфлација во проектираните рамки. Европските банки добро го поминаа стрест тестот, што покажа дека тие се адекватно капитилизирани. Во оваа насока се очекува да се вратат на својата основна дејност, кредитирање на населението и компаниите. Во делот на компаниите се бележи намалувања на задолженоста. Во вакви економски услови се очекува да се зголемат профитните марживпри ист обемот на работа. Намалената вредност на еврото и пониските цени на суровините и нафтата ќе им го овозможат тоа. Најголема непознаница остануваат структурните реформи во Франција и Италија и евентуално новите случуувања во Грција. Фактор: Како сите сучувања се одразија врз земјите во развој? Л.Камчев: Забавување на глобалната трговија имаше негативно влијание врз извозно ориентирани економии на земјите во развој (Азија, Централна и Источна Европа). И покрајфактот што во земјите во развој се фокусираа на проширување на домашната потрошувачка и развојот на локални услуги, се уште не е во можност целосно да се компензира за загубата на приходите од извозот. Под зголемен притисок се најдоа земјите чија економска структура се базира на извозот на суровини и енергија (Латинска Америка,Русија). ФакторОд регионалните берзи, кои беа позначајните случувања на берзата во Љубљана? Л.Камчев: Вредноста на индексот на Љубљанската берза достигна 784,12 при што забележа пораст од 19,59%. Вкупниот промет изнесуваше 686 милиони евра, пазарната капитализација на 31.12.2014 достигна 6,2 милијарди евра. Најтргувана акција беше КРКА. Цената на акцијата на PIVOVARNA LAŠKO забележа годишен пораст од 486,03%и пормет од 54 милиони евра и крајот на годината го заврши на ниво од 23,5%, ISTRABENZ исто така имаше значаен пораст од 473,63%. На трето место помеѓу најголемите добитници се најде компанијата UNIOR со 1,54 мил евра промет и пораст од 290,24% на цената на акциите. Еден од поважните настани на берзата во Љубљана беше купопродажбата 75,5% од акциите на аеродормот во Љубљана од страна на Германската компанија „Фрапорт“, која управува со аеродромите во Франкфурт и во уште 12 градови, за 234 милиони евра. ФакторКакви беа трендовите на берзата во Белград? Л.Камчев: Иако минатата година донесе најголема експанзија на водечките индекси на Белградската Берза од 2007, сепак беа забележани некои негативни трендови, а се однесуваа на прометот и влошувањето на ликвидноста. BELEX15 забележа пораст од 19,5% на годишно ниво, предводен од страна на компанијата  Aerodrom Nikola Tesla a.d. , Beograd која забележа пораст од 92,64%, Energoprojekt holding a.d. , Beograd чија што акција забележа пораст од 26,39% следен од Komercijalna banka a.d. , Beograd комерцијалните банки 46,05%, и Имлек (IMLK). Годишниот промет (на целиот пазар) само положба достигна околу 173 милиони  евра и е на најниско ниво од 2000 година. Иако се најавуваше минатата година не се појавија големите имиња како Телеком или ЕПС, со што дополнително ќе се збогатеше понудата на акции на Белградската берза. Се очекува дека приватизацијата на Телеком ќе заврши во 2015 година, но се чини дека тоа ќе биде направено преку тендер (може само еден дел да се појави на берзата по приватизацијата – делот на малцинските акционери), додека ЕПС штотуку започна со процесот на корпоратизација, што значи дека се уште е далеку од листирање на берзата. ФакторКоја акција беше најликвидна на Хрватската берза? Л.Камчев: Тргувањето на Загребската берза во 2014 година во е на слично ниво како и минатата година: прометот на акците  е  речиси идентичен со оној од минатата година, прометот на структурирани производи речиси половина послаб, додека прометот со обврзници е + 65,1% подобро. Вкупниот промет беше  + 2,4% повисок од оној од претходната година, а вкупната пазарна капитализација од забележа пораст од 10%. Во овој пораст најголем удел има порастот на пазарна капитализација на обврзниците од + 17,2%, додека пазарната капитализација на акциите се зголеми за 6,1% а на структурирани производи 24,8%. Во вкупниот промет постигнат во 2014 година, 79,2% отпаѓа на тргувањата на акции, обврзници за 18,4% и 2,5% на структурирани хартии од вредност. Индексите постигнаа различни резултати: CROBEX се намалил за -2,7%, иако во текот на годината достигна ниво од над 1900 поени, што претставува пораст од речиси 6% во однос на крајот на 2013 година. CROBEXtr забалежа мало зголемување од 0,6%.  Исто така просекот на десетте најликвидни акции, CROBEX10, забележа пораст од + 1,2%. Од други индекси вреди да се спомене CROBEXturist, која се зголеми дури + 79.1%. Овој индекс годината ја започна со само две компании, а на крајот го заврши со дури шест акции во неговиот состав. Пазарна капитализација е концентрирана кај мал број на акции, така што најголемите Пет акции креирале 58,3% од вредноста на пазарот, додека кај петте најголеми акции со најголема free float капитализација концентрирани се 46% од вкупниот пазар капитализација. Хрватски Телеком е најликвидната акција во 2014 година со 23% од вкупниот промет. С.Н.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката