04 Декември, 2024
0.0314

Интервју Лазе Камчев, КД Фондови: инвестициските фондови допрва ќе станат атрактивни!

Објавено во: Финансии 17 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Секој Македонец во просек има 6,4 евра заштеда во Инвестициските фондови, за разлика од крајот на 2008 година кога таа бројка изнесуваше 0,4  евра по глава жител, сега има раст за 147%, но сепак е далеку од потребното ниво, вели Лазе Камчев, директор на КД Фондови. Камчев во интервју за Фактор, оценува дека следната година очекува позтивни раздвижувања на пазарите во Кина и Русија.  

Фактор: Како ја оценувате годината што изминува во однос на случувањата на пазарот на капитал на домашен терен, но и надвор?

Камчев: Во 2013 година домашниот пазар го карактеризираше состојба на општа анемичност. Погледнато низ призмата на бројките во однос на остварениот промет, реализираните трансакции и движењето на македонскиот берзански индекс МБИ 10, оваа е секако една од годините кои би сакале побргу да ги заборавиме.

За разлика од домашниот пазар, добар дел од меѓународните пазари имаа значително позитивни трендови. Може да се каже дека 2013 беше година на развиените пазари. Главните берзански индекси DAX, S&P 500 и Dow Jones одбележаа историски највисоки вредности, со реализиран   принос кој се движи во рамките од 22% до 28% соодветно. Јапонскиот пак берзански индекс ја проби и границата од 50%.

Фактор: Што според Вас може да се очекува за следната 2014 година на пазарот на капитал во Европа, но и во светски рамки?

Камчев: Гледано во целост, глобалната перспектива изгледа во ред. Во Америка имаме значително подобрување на пазарот на труд, стапката на невработеност се намали на 7%, односно е на најниско ниво во последните пет години. За споредба, на крајот од 2009 година таа изнесуваше цели 10%. За следната година се очекува да отпочне и повлекувањето на средства од т.н. 'tapering' програма, која значително помогна во стимулирање на економијата.

Европската унија реализирaше два добри квартали од почетокот на годината. За одбележување е излезот од рецесијата која траеше повеќе од година и половина, што е најдолг негативен период во последните 14 години.

Секако, најважно од сè е во која насока ќе продолжат да се развиваат овие трендови понатаму.  Европската економија е значително зависна од извозот, особено кон пазарите во развој. Ќе биде потребно во иднина да се отворат нови пазари кои би обезбедувале стабилна побарувачка за европските добра, со што би се постигнал одржлив раст.

За следната година, лично очекувам позитивни случувања на пазарите на капитал во Кина и Русија.

Фактор: Дали задолжителната котација која беше воведена годинава даде позитивни резултати?

Камчев: Задолжителната котација е активност која како идеја е сосема во ред, но таа сама по себе во никој случај не може преку ноќ да ја подобри ситуацијата на македонскиот пазар на капитал. За да се придвижиме кон позитивни промени потребна е постојана едукација и стимулирање на претприемчивоста на секаков можен начин.

Фактор: Каква е состојбата со Инвестициските фондови во земјава?

Камчев: Инвестициските фондови во Македонија егзистираат веќе полни шест години. Тоа од една страна и не е така малку време, но од друга е сосема незначително, ако се земе предвид фактот дека истите во Америка и Европа активно функционираат повеќе од 60 години.

Збогатувајќи ја континуирано палетата на фондови со различни инвестициски политики,  друштва за управување им овозможуваат на граѓаните и фирмите структурирање на нивните заштеди преку професионална форма на управување. Понудата опфаќа од најниско ризични продукти, кои се еквивалент на класичните банкарски депозити, но нудат определени предности, па сè до такви кои вклучуваат класична инвестициска компонента и се користат за реализација на цели во подолг временски хоризонт.

Оваа година средствата на управување во инвестициските фондови пораснаа за 147% и просечно изнесуваат 6,4 евра по глава жител, за разлика од крајот на 2008 година кога таа бројка изнесуваше 0,4  евра по глава жител.

Фактор: Имаат ли пари граѓаните за да вложуваат, што покажуваат официјалните бројки?

Камчев: Доколку ги анализираме износите кои во форма на депозити се вложени во македонските банки, можеме да заклучиме дека е постигнат историски максимум, кој и понатаму бележи континуиран раст, што пак е показател дека македонските граѓани поседуваат култура на штедење. Она што е специфично за македонскиот пазар е структурата на тие заштеди и вложувања. Активата како таква нема соодветна структура, бидејќи депозитите во соодносот со останатите финансиски продукти имаат екстремно доминантно учество.

Фактор: Каде најмногу ги инвестираат граѓаните своите пари?

Камчев: Како што веќе посочив, најголемиот дел од заштедите на граѓаните се вложени во форма на банкарски депозити. Мое очекување е во следните неколку години одреден процент од овие заштеди (од 3% до 5%) да се реалоцираат во други финансиски продукти, вклучително и инвестициските фондови, бидејќи каматните стапки за орочените депозити дојдоа до едно доста ниско ниво, кое во зависност од износот на средствата и рокот на орочување веќе е под границата од 4% годишно. Во такви услови, за очекување е одреден број на штедачи свесно да започне да бара алтернатива за дел од своите средства, особено оние кои се наменети за вложување на подолгорочен период.

Од друга страна банкарскиот систем во Република Македонија е граден со децении, па поради тоа на останатите финансиски институции ќе им биде потребно време за да се позиционираат на пазарот.

Фактор: Доколку некој има слободни пари, да речеме некоја сума од неколку илјади евра, што би му препорачале? Каде и како да ја инвестира?

Камчев: Секое вложување се темели на определена однапред дефинирана цел. Како извршен директор на друштво за управување со инвестициски фондови, можам да кажам дека секој наш фонд претставува една идеја со внимателно одбрана стратегија на вложување. Како да ја одберете најдобрата опција за Вас? Размислете за каква цел ќе вложувате (штедите) и какви Ви се очекувањата. Некои вложувања имаат потенцијал за поголем принос, но тој повлекува и повисока изложеност на ризик. Други нудат низок, но стабилен и постојан принос. Сè зависи од тоа каков тип на вложувач сте - конзервативен или динамичен? Денес во КД Фондови управуваме со два акциски фонда: КД БРИК и КД Нова ЕУ и еден паричен: КД Кеш Депозит. Нашата визија е да станеме водечко друштво за управување во Република Македонија, кое на вложувачите им нуди производи, прилагодени на нивната возраст и животен стил.

Фактор: Каков инструмент е Кеш депозитот што го нудите и за кого е наменет?

Камчев: КД Кеш Депозит е паричен фонд кој нуди сосема поинаков концепт од акциските фондови. Во неговата структура на вложување нема ниту акции, ниту обврзници. Сите средства се пласирани во банкарски депозити во домашни банки. Поради ова, по степенот на ризичност тој претставува еквивалент на средствата чувани на трансакциска сметка или орочени во класичен депозит.

Овој  финансиски продукт е наменет за клиенти кои се незадоволни од ниската камата на трансакциската сметка, а сепак сакаат парите да им се на дофат на рака, односно да не се обврзуваат со договори за орочување. Средствата од КД Кеш Депозит може да се повлечат по потреба во секое време, оплодени со принос за реалниот број денови колку што биле вложени во фондот.

Фондот е соодветен и за правни лица кои сакаат активно да управуваат со својата тековна ликвидност, бидејќи не наплатува никакви дополнителни трошоци за влез и излез.

Фактор: Која е предноста на овој инструмент?

Камчев: Во КД Фондови долго време ја анализиравме празнината која постоеше помеѓу парите чувани на трансакциска сметка и орочените депозити. Во таа насока креиравме продукт кој ги обединува функциите добивка и ликвидност. Кеш = Достапност, Депозит = Добивка и Сигурност! Кеш фунцијата овозможува достапност до парите по потреба, како да ги имате на трансакциска сметка, додека Депозит функцијата Ви генерира принос кој е конкурентен на каматните стапки на орочените депозити до една година.

Фактор: Има ли интерес за него од страна на компаниите ?

Камчев: Интересот е задоволителен, особено поради фактот што овој финансиски продукт е нов на пазарот. Компаниите полека, но сигурно ја разбираат потребата од управување со ликвидноста во насока на остварување на дополнителни приходи од финансиски активности. Верувам дека следната година ќе се подобри и финансиската дисциплина помеѓу компаниите, што ќе резултира со зголемена ликвидност и соодветно на тоа поголем интерес за активно користење на продуктот од страна на компаниите кои се веќе запознати со предностите кои тој ги нуди.

Фактор: Какви други инструменти нуди КД Фондови? Што ново планирате за 2014 година?

Камчев: Ги споменав двата акциски фонда, кои вложуваат соодветно на глобалниот и регионалниот пазар на капитал и се добра алтернатива за подолгорочните вложувања. Нивната инвестициска цел е постигнување на повисок принос на долг рок во однос на класичниот начин на штедење во банка, преку вложување во различни финансиски инструменти (пред сè акции од внимателно селектирани компании).

Во 2014 година планираме воведување на нов револуционерен план на вложување, кој ќе биде прв од ваков тип на македонскиот пазар. Верувам дека неговите карактеристики ќе им се допаднат на граѓаните, особено на оние кои се чувствуваат одговорни кон својата и иднината на своите најблиски, односно се подготвени редовно и дисциплинирано да вложуваат помали парични износи на месечна основа, со цел нивно акумулирање и оплодување на подолг период.

Исто така, за следната година во план е основање на уште еден инвестициски фонд, кој во комбинација со КД Кеш Депозит и акциските фондови, треба да ја заокружи понудата на продукти за секаков тип на вложувачи.

За крај, би сакал да нагласам дека наскоро ќе биде активна новата редизајнирана интернет страница на КД Фондови АД Скопје, која има за цел да овозможи поголема транспарентност во нашето работење, односно полесен пристап до информациите за сопствениците на удели и потенцијалните вложувачи.

С.Н.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

МВР го појача возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го појача возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра