02 Декември, 2024
0.0245

Интервју Маја Штериева, Комерцијална банка: Нема атрактивни проекти за кредитирање, затоа банките купуваат благајнички записи!

Објавено во: Финансии 15 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Кризата од реалниот сектор веќе е прелеана кај банките. Расте садото на нефункционални кредити, што е одраз на сеуште присутната криза. Но, банките имаат пари за кредитирање, а компаниите треба да понудат издржани и профитабилни проекти. Ова го вели Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот Одбор на Комерцијална Банка. ФАКТОР: Од Банкарското здружение имаше најава за намалување на каматите за кредитите? Дали Комерцијална Банка влезе во пресметка за можно поевтинување на новоодобрените и посточките кредити? ШТЕРИЕВА: Почнувајки од 01.02.2013 година Комерцијална банка изврши намалување на каматните стапки на кредитите и кредитните картички, и тоа: за 0,25 процентни поени каматните стапки за бонитетни правни лица - корисници на кредити кои ги исполнуваат критериумите согласно каматната политика на Банката и кои навремено ги сервисираат достасаните обврски во Банката, потоа од 0,25 до 0,3 процентни поени се намалија каматните стапки на потрошувачкиот кредит до 600.000 денари, Тип Топ потрошувачкиот кредит, потрошувачкиот кредит врз основа на меница, а за 0,2 процентни поени каматната стапка на кредитите за купување или за реновирање на станбен и деловен простор со евро- клаузула. Намалување до 1 процентен поен имаше и за каматите на кредитните картички. ФАКТОР: Што се случува со каматите за штедењето. Се забележува тренд на намалување на овие камати ? ШТЕРИЕВА: Банката изврши намалување на каматни стапки на денарските и на девизните депозити, така  денарски депозити по видување и тековни сметки во денари на правни лица за 0,05 процентни поени и на орочените денарски депозити на правни лица од 0,05 процентни поени до 0,50 процентни поени. Намалување имаше и кај девизните депозити и тековни сметки во странска валута на правни лица  за 0,05 процентни поени. Генерално, кај  денарското и девизното штедење има намалување  од 0,05 процентни поени до 0,50 процентни поени РИЗИКОТ НЕ Е ПОВРЗАН СО ОДРЕДЕНИ КРЕДИТИ, ТУКУ СО КОМПАНИИТЕ ФАКТОР : Кои кредити се покажаа како “најризични“ ? Каква е структурата на нефункционалните кредити , чие салдо на ниво на банкрскиот сектор надмина 11 отсто? ШТЕРИЕВА: Кога се зборува за ризичните кредити најважно е да се нагласи дека ризикот не е поврзан со одредени кредити, туку со компаниите, дејностите во кои тие работат, влијанието на надворешните фактори, но и умешноста на нивните менаџери реално да ги проценат состојбите. Најчесто проблеми имаат компании кои имаат голема задолженост, каде соодносот на сопствени средства и кредити е значајно на страната на кредитите, а истовремено имаат големи износи и на други обврски. Ова е малку груба презентација, но е во функција на илустрирање на нивните ризици. Тоа ги прави помалку отпорни на сите видови шокови, без оглед дали зборуваме за промени на цените на нивните инпути (струја, гас, пченица, кој и да е друг влезен елемент ), промени во регулативата која го засега нивното работење, ненавремено добивање на парични средства при наплатата или некој друг негативен фактор. ФАКТОР: Колку е процентот на нефункционални кредити на ниво на Комерцијална Банка? ШТЕРИЕВА : Комерцијална банка неможе да се издвои од банкарскиот систем и опкружувањето во кое работат, така што овој процент е околу нивото на системот. Како котирана компанија не го објавува овој податок до јавното објавување на финансиските извештаи, кои ќе бидат ставени на веб страната на банката во рамките на Собраниските материјали на почетокот на Март. КРИЗАТА ОД РЕАЛНИОТ СЕКТОР ВЕЌЕ Е ПРЕЛЕАНА КОН БАНКИТЕ ФАКТОР : Кризата во реалниот сектор се уште трае. Подоготвени ли се банките да одговорат на предизвиците? Можно ли е прелевање на кризата од реалниот во банкраскит сектор? ШТЕРИЕВА : Кризата на реалниот сектор веќе е прелеана во банкарскиот сектор, што се гледа преку зголемените нефункционални кредити, кои всушност зборуваат за неизмирување на обврските од страна на кредитокорисниците. Разликата меѓу банкарскиот систем и реалниот сектор е во регулираноста. Кога кај банките ке се почувствува влијанието на кризата без оглед колку привлечно изгледа растот, банките започнуваат со забавена динамика да ги извршуваат поризичните активности, како на пример кредитирањето. Тоа се должи не само на обврската на банките да ги штитат депозитите на своите депоненти, туку и на регулативата пропишана од страна на НБРМ за управување со ризиците. ФАКТОР: Ланската година заврши со кредитен раст од 5,4 проценти? Со каква стапка на кредитен раст заврши Комерцијална Банка и кои кредити имаат најголем придонес во растот? ШТЕРИЕВА : Согласно објавениот Биланс на состојба 2012 година, Банката ја заврши годината со раст на кредитите на комитенти од 6,3%. Овој раст главно беше поттикнат со кредити одобрени на компании од индустријата, каде се вбројува металопреработувачката индустрија, фармацевтската индустрија, индустрија за производство на прехранбени производи, автоделови и други, но голем дел исто така и од трговијата и градежништвото. Притоа мора да се напомене дека оваа дистинкција е сеуште малку проблематична поради разнородните активности на компаниите. ФАКТОР: Каква е состојбата со кредитирањето на приватниот сектор? Преку државната Македонска Банка за подршка на развојот беа пуштени во оптек поволни кредитни линии? Каква е искористеноста? ШТЕРИЕВА : Уште од самиот почеток оваа линија се покажа како многу атрактивна и Комерцијална банка секогаш максимално ги искористува доделените средства. Најчесто барањата за овие кредити се доставуваат од страна на клиентите уште пред да се завршат активностите меѓу банката и МБПР, така што комитентите се обидуваат да “ си резервираат средства”. ФАКТОР : Владата и Народната Банка неколку пати ја намалија каматата на државните односно на благајничките записи. Ниту ниските камати не ги премислија банките и намату слободните пари, наместо за кредитирање да ги врзуваат за хартии од вредност. Зошто? ШТЕРИЕВА : Имам впечаток дека ова е едно од најпоставуваните прашања. Одговорот не е ниту во банките, ниту во државата и НБРМ. Доколку има проекти и компании со прифатливо ниво на ризик банките ќе кредитираат и нема да запишуваат записи. Зарем ние не би сакале да кредитираме со 6/7/8%, туку ке запишуваме записи со 3,5 /3,75 /4%, прашањето е дали ке можеме да ги наплатиме назад. Во крајна линија банките се одговорни за своите пласмани пред акционерите, но што е не помалку важно пред депонентите, бидејки во Македонија главно пласманите се од депозити. Затоа се додека имаме раст на нефункционалните кредити, препазливоста на банките ке биде нагласена и ке доминира во одлучувањето каде да се вложат средствата. ФАКТОР : Комерцијална Банка е пред одлука за делба на овогодишната дивиденда. Ова ќе биде и силен сигнал за постечките акционери но и за инвеститорите. Ќе има ли корекција на дивидендата во однос на 2011? ШТЕРИЕВА: Ова прашање е едно од најчувствителните прашања за секоја компанија која се тргува на Берза. Со оглед на ценовната чувствителност на информацијата и фактот дека Комерцијална банка е една од водечките компании во делот на обелоденување и корпоративно управување нема да ја коментирам дивидендата. Анета Додевска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ПЛАТИ 6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА УМЕТНИЧКА БАНАНА: На крај ја изеде

ПЛАТИ 6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА УМЕТНИЧКА БАНАНА: На крај ја изеде

ОВА ВО ЗИМА НЕНОРМАЛНО ЈА КАЧУВА СМЕТКАТА ЗА СТРУЈА: Никој не е ни свесен дека поради ова месечно се губат многу пари

ОВА ВО ЗИМА НЕНОРМАЛНО ЈА КАЧУВА СМЕТКАТА ЗА СТРУЈА: Никој не е ни свесен дека поради ова месечно се губат многу пари

ОВА СЕ НАЈЕВТИНИТЕ ГРАДОВИ ЗА НОВА ГОДИНА! За малку пари можете да уживате во целата магија на божиќните пазари

ОВА СЕ НАЈЕВТИНИТЕ ГРАДОВИ ЗА НОВА ГОДИНА! За малку пари можете да уживате во целата магија на божиќните пазари

ЕВЕ ГИ ЦЕНИТЕ ЗА СКИЈАЊЕ НА ПОПОВА ШАПКА: Промотивната цена важи уште денес!

ЕВЕ ГИ ЦЕНИТЕ ЗА СКИЈАЊЕ НА ПОПОВА ШАПКА: Промотивната цена важи уште денес!