15 Декември, 2025
0.0308

Интервју Митрова: Уникатниот ентериер, централната локација и беспрекорната услуга го прави Скопје Мериот најдобар избор

Објавено во: Мои пари 30 Јули, 2019 12:55

Добивај вести на Viber

Инвентивноста, искуството и ексклузивноста кои што ги очекува денешниот гостин,  се само дел од предностите на Скопје Мериот. Покрај сместување во гостински соби кои се со современ и модерен ентериер и технолошки опремени, што е и главната дејност на хотелот, Скопје Мериот на клиентите им нуди и многу останати услуги вклучувајќи  сали за состаноци, конференциски услуги и пакети, организирање свадбени прослави и церемонии, корпоративни забави и друго, вели во интервју за Фактор Александра Митрова, директор на продажба во Скопје Мериот хотел.

Фактор: Скопје Мериот стана многу повеќе од хотел во однос на класичниот опис на функцијата и дефиницијата и она што тој навистина претпоставува. Што точно тоа значи и од каде произлегува оваа разлика?

АМ: Да се биде дел од мрежата на најголемиот хотелски бренд која што во своето портфолио во моментот има над 7000 хотели и распространетост во повеќе од 130 држави што и постојано расте, носи многу предности во однос на инвентивноста и професионалноста во работењето, меѓутоа дефинитивно носи и промена на класичниот опис на функцијата и она што хотелот претставува.

Инвентивноста, искуството и ексклузивноста кои што ги очекува денешниот гостин,  се само дел од предностите на Скопје Мериот.  Покрај сместување во гостински соби кои се со современ и модерен ентериер и технолошки опремени, што е и главната дејност на хотелот, Скопје Мериот на клиентите им нуди и многу останати услуги вклучувајќи  сали за состаноци, конференциски услуги и пакети, организирање свадбени прослави и церемонии, корпоративни забави и друго. Во ресторанот Дистрикт, покрај тековните промоции за храна и коктели, организираме и тематски вечери на спарување на вино и храна, а во соработка со повеќе амбасади и денови на некоја од странските кујни.


Фактор: Наброивте приватни и корпоративни настани, тематски вечери во хотелот и посебно во ресторанот Дистрикт, многу настани и случувања со меѓународен карактер. Како ги конципирате и која е целта на овие случувања во хотелот?

АМ: Хотелот е дело на дизајнерски и стилски решенија, со уникатни ентериерни детали што во комбинација со централната локација и беспрекорната услуга го прави најдобар избор за организација на настани од најразличен карактер.

Креирајќи персонализирани решенија, нашиот професионален тим се фокусира кон остварување на визијата на клиентот. Независно дали станува збор за деловен ручек или роденденска прослава во ресторанот Дистрикт, свадба или корпоративен настан од локален или меѓународен карактер, ние сме инволвирани во секој чекор со цел да им помогнеме на организаторите да го испланираат и реализираат нивниот настан беспрекорно и воедно да ги надминеме нивните очекувања и очекувањата на самите гости.

Фактор: Со сите содржини и понуди Мериот како да е предводник на социјалните и културни случувања во градот. На што се должи ваквиот статус?

АМ: Тоа секако се должи на факторот што на нашите гости им овозможуваме пријатно и несекојдневно искуство, а тоа е она што всушност недостигаше на нашиот пазар. Креираме содржини и настани што се привлечни и интересни, и притоа користиме најразлични начини да воспоставиме директен контакт со граѓаните и да комуницираме со нив.

Фактор: Уште една новост е последната понуда „Се во едно (Half Day/ Full Day)“ за организација на настани. Што точно тоа претставува и за кого е наменета?

АМ: Земајќи ја во предвид динамиката на работењето во денешно време како и преференциите на клиентите, од неодамна креиравме понуда за сечиј вкус и буџет. „Се во едно (Half Day/ Full Day)“ претставува комплетна пакет понуда на внимателно одбрани услуги која дефинитивно ја олеснува работата на организаторите. Конкретно, понудата се состои од пакет кој содржи изнајмување сала, техничка опрема и кетеринг за настанот за цел или за пола ден, за која што клиентите добиваат една цена.

Понудата очигледно ги надминува очекувањата на гостите, за што доказ се одличните коментарите после секој реализиран настан.

Фактор: По што Мериот се издвојува и разликува од услугите на другите хотели и капацитети?

АМ: Проучувајќи го начинот на кој планерите се поврзуваат со хотелите, Мериот Интернешнал  ги утврди моментите на потреба од поддршка и врз основа на тоа креираше сеопфатна платформа за беспрекорна организација.

Токму затоа Скопје Мериот на располагање на своите клиенти и гости им ја нуди и онлајн платформата Meetings Imagined која е единствена во Македонија и истата претставува сеопфатна алатка која може да понуди безброј концепти, идеи и решенија.

Она што планерите треба да го направат е само да се поврзат со нашите сертифицирани координатори и да ја споделат целта на настанот како и нивните очекувања.

Фактор: Што е премисата или основното мото под кое Мериот работи, каде ја гледате својата функција во општеството?

АМ: Она кон што се фокусираме е постојаното унапредување и зацврстување на лидерската позиција на Мериот во Македонија, ставајќи ги луѓето и искуството во преден план.

 „Луѓето пред се” всушност се однесува на луѓето кои се дел од нашиот тим и стремежот кон извонредност, прифаќање на промените и нивна имплементација, како и однесувањето со интегритет за да им служат на нашите гости. Покрај тоа, Мериот има интерна платформа која функционира на глобално ниво, во сите Мериот хотели низ светот наречена Take Care. Со оваа иницијатива, Мериот се грижи, како за своите вработени и нивниот здрав животен стил, така и за околината и општеството преку разни активности за социјална одговорност.

Тоа се основните вредности кои не прават тоа што сме и се надевам дека ќе продолжиме да бидеме пример за останатите компании во оваа индустрија, но и пошироко.


Можеби ќе ве интересира

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол