01 Мај, 2024
0.0272

Интервју Попоска: Борис Трајковски стипендиите за ЕМБА програмата на Универзитетот Шефилд се одлична можност за кариерен развој

Објавено во: Мои пари 04 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Елизабета Попоска е уште една од многуте млади професионалци кај кои желбата за надградување и постигнување повисоки кариерни цели, никогаш не престанува. Елизабета, потрагата по нови знаења и професионално унапредување, ја продолжува на ЕМБА програмата на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, како стипендист на Борис Трајковски програмата преку Министерството за образование и наука на Република Македонија. Студиите ги завршува паралелно со својот професионален ангажман во банкарскиот сектор и за стекнатото знаење и квалитетот на образовната програма на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд вели дека се на највисоко ниво.

2 (4)

  1. Кои се Вашите досегашни видувања како тековен студент и стипендист на ЕМБА програмата на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд?

Во изминатите шест месеци, колку што трае досегашното мое искуство како активен студент на ЕМБА програмата на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд имам само позитивни зборови. Начинот на одржување на предавањата, атмосферата и вниманието што го добиваме се на многу високо ниво. Во текот на секое предавање се учат многу нови работи од областа на економијата и бизнис администрацијата, се делат искуства и реални случаи и се проширува самиот начин на размислување и гледање на работите од поширока и повисока перспектива.

0CC7114F-EE0C-4EAA-8AEE-B80AD51132CC[2]

  1. Дали Вашите очекувања се адекватни на реалното искуство? Што посакувавте при апликацијата, што очекувавте кога ја добивте стипендијата и Вашата позиција во таа насока денес, една година подоцна.

Работам во НЛБ Тутунска банка во Секторот за Финансиско управување, која може да се пофали со неколку вработени кои ги завршија ЕМБА студиите на Универзитетот Шефилд и со оглед и на нивното позитивно искуство ја поднесов апликацијата. Очекувам да го обновам и проширам моето теоретско знаење како би можела во иднина да го употребам во работењето, да ги унапредам и подобрам моите способности, мојата самодоверба и се надевам во иднина и мојата професионална кариера.

  1. Што би сакале да споделите со нас поврзано со ЕМБА програмата на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд? Дали имате нешто да издвоите како дел од Вашето искуство?

Морам да ги пофалам и да им се заблагодарам на сите професори кои се признати експерти во нивната област и кои го делат нивното искуство и знаење со нас. Самите предавања се доста интерактивни,што не беше случај во текот на моето претходно студирање, и после секое завршување на предавањата си одимесо ново искуство и со многу нови идеи.

  1. Каде се гледате себеси во иднина? Дали оваа стипендија и студиите на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд ви помогнаа на некој начин при Вашата самореализација?

Како што кажав јас сум задоволна од изминатиов период, но тоа е само еден помал дел од целиот процес на овие студии. Во јуни месец не чека една работна недела на Универзитетот Шефилд во Англија, која верувам ќе биде уште едно незаборавно искуство. Останува уште многу работа која секако ќе резултира во позитивни резултати во иднина.

  1. И за крај, што би им препорачале на сите идни кандидати и студенти?

Мислам дека ова е една одлична можност што треба да се искористи, не само за дипломирани економисти и вработени во економската област, туку ова претставува многу добра можност за сите кои сакаат да го унапредат своето работење во сите области. Сите мои колеги од областа на фармацијата, правото, производствената индустрија, од информатичката технологија,со помош на практичниот дел и истражувачкиот дел од овие студии, почнуваат да мислат како економисти и да имаат поинаков пристап кон својата работа. Овие студии се предвидени за студенти кои имаат работни обврски, некои и фамилијарни обврски и иако одземаат значително време, со добро менаџирање на времетои обврските кои ги имаме сè може да се заврши навреме

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор