19 Мај, 2024
0.0270

Интервју со Дарко Булдиоски - AllWeb конференцијата е чекор пред пазарот, сакаме да инспирираме нови идеи

Објавено во: Мои пари 15 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

На 18 ноември ќе се одржи 5-тата AllWeb конференција за дигитален маркетинг која ќе донесе голем број на квалитетни предавачи со интересни и корисни презентации. Тимот на AllWeb успеваше да презентира голем број на нови идеи, можности за поврзување и споделување на искуства, знаење и стратегии што е неопходно за развој на бизнисот во модерната дигитална ера. За годинешната AllWeb конференција разговараме со Дарко Булдиоски и што се посетителите ќе можат да дознаат и научат.

Фактор: Наскоро ќе се одржи уште една AllWeb конференција петта по ред во Скопје со што ќе се обележи и мал јубилеј. Дали ги постигнавте почетните замисли, што денес претставува AllWeb?

Булдиоски: Она што го посакувавме пред 5 години и она каде ја гледаме AllWeb денес секако дека се разликува. Насоката е таа, но секоја година како што конференцијата оди напред така и плановите за во секоја следна година одат напред. Задоволни сме од постигнатото, не сакаме да гледаме оваа година како на јубилеј затоа што има уште многу да се работи. Сакаме и до сега сме успевале конференцијата да биде чекор пред пазарот, да ги најавува трендовите, добрите пракси и да им биде инспирација на локалните компании, организации, агенции и медиуми.

Фактор: Годинава имате обезбедено говорници од различни области, медиуми, комуникации, маркетинг и од бизнис секторот. Која ќе биде главната цел на AllWeb 2016, на што ќе биде ставен фокусот?

Булдиоски: Секоја година се трудиме да покриеме што е можно повеќе актуелни теми, а притоа да имаме еден нишка која ќе ја врзува целата програма. Оваа година таа нишка се мобилните корисници односно подобро речено сите ние зависници од паметните уреди од кои не се двоиме ни додека спиеме. Конкретните теми опфаќаат огласување, содржина, аналитика, транформација, технологија, social, big data…

Фактор: Кои се главните придобивки за учесниците на AllWeb, што тие може да научат. Какво е досегашното искуство од поврзувањето на професионалците, компаниите и организациите?

Булдиоски: Конференцијата до сега делувала инспиративно и пред се едукативно на публиката. Преку споделените презентации и примери публиката има шанса да научи некои нови стратешки пристапи но и многу практични детали од светот на маркетингот. Вмрежувањето е нешто на што ние посветуваме многу внимаение затоа што тоа особено му треба на нашиов пазар. За жал истото е малку потценето пред се затоа што сме водени од пристапот дека се си знаеме и сите ги знаеме, а всушност постои многу поголем потенцијал ако се одработи заедно нешто поголемо, поиновативно. 

Фактор: Што би им порачале на сите кои сакаат да се занимаваат со дигитален маркетинг или пак да ги искористат модерните алатки за промоција, како AllWeb искуството може да им помогне?

Булдиоски: Денес не можеш да размислуваш за маркетинг а да не размислуваш за дигитален маркетинг. Постојат повеќе суштински надградби (разлики) помеѓу сфаќањата на традиционалниот и новиов маркетинг. AllWeb е тука да ги расчисти тие дилеми и да го подготви секој професионалец да знае во која насока треба да го развива своето професионално знаење.

Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата