25 Април, 2024
0.0643

Интервју со м-р Николина Таневска – најдобар работник во СН Осигурителен брокер АД Битола

Објавено во: Мои пари 01 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

По повод одбележување на Меѓународниот ден на осигурувањето разговараме со м-р Николина Таневска – раководител на Сектор за Финансии во СН Осигурителен брокер АД Битола. СН Осигурителен Брокер АД Битола е консултант, посредник и застапник за сите работи и прашања од сферата на осигурувањето, кој ги застапува своите клиенти пред осигурителните компании и бара најсоодветна понуда за осигурување според нивните потреби. СН Осигурителен Брокер АД Битола моментално е најголем брокер на пазарот на осигурување по број на вработени, број на експозитури и најголем брокер на пазарот на осигурување по бруто полисирана премија.

Запознајте не со функционирањето на СН Осигурителен брокер АД Битола.

Успешната приказна на СН Осигурителен Брокер АД Битола започнa на самиот крај на 2014 година, предводена од Христо Кондовски и на Зоран Пејчиновски, извршни директори на СН Осигурителен брокер АД Битола, а поддржана од страна на 5 акционерикои што се  докажани претприемачи во областите во кои дејствуваат. Почетоците на СН Осигурителен Брокер АД Битола започнаа со само 4 вработени во 2015 година како прва деловна година, а денес можеме да се пофалиме со високообразован стручен кадар со над 90 вработени, распоредени во 27 експозитури низ цела држава, а со тоа СН Осигурителен Брокер АД Битола моментално е најголем брокер на пазарот на осигурување по број на вработени и број на експозитури.

Позитивните резултати, што СН Осигурителен Брокер АД Битола ги постигнува години наназад, од 2014 па се до оваа тековна 2019 година се одраз на експертизата и балансираното управување со фирмата, посветеноста и придонесот на нашиот тим е главната причина за нашиот успех. Пријатната и пријателска атмосфера која што владее меѓу нашиот тим и тимското целење кон тоа да им ги нудиме на клиентите најдобрите и најповолните услуги на најдобар можен начин е она што го согледуваат клиентите во СН Осигурителен Брокер АД Битола и заради тоа сме нивниот прв избор, а со тоа и СН Осигурителен Брокер АД Битола е и продолжува да биде најбрзорастечко, најголемо и најдобро брокерско друштво во секторот на осигурување.

СН Осигурителен Брокер АД Битола ја познава и постојано ја следи понудата и побарувачката за осигурување на пазарот, така што се фокусира да создава иновативни решенија и услуги се со цел да им го понуди најдоброто на клиентите, бидејќи нивното задоволство и лојалност се нашиот поттик и инспирација.
Веќе постигнатото задоволството и лојалност на клиентите се должи на тим на осигурителни брокери кои што со својата експертиза, професионалност и посветеност на работата најмногу придонесуваат да бидеме лидери во секторот на осигурување. Исто така тука е и поддршката од сектор штети, сектор за превземање на ризик, правен сектор, ИТ и маркетинг сектор и сектор за сметководство, целото ова води да СН Осигурителен Брокер АД Битола биде најголем брокер на пазарот на осигурување по бруто полисирана премија. Од 2016 до 2019 година ја имаше следната структура по класи:

-Други осигурувања на имот, вклучително и осигурување на посеви: 30% во 2016, денес 50%

- Автоодговорност: 40% во 2016, денес 43%

-Каско: 16% во 2016, денес 17%

Ова значи дека СН Осигурителен Брокер АД Битола вложува во незадолжителните класи на осигурување каде што е потребно повеќе стручност, подобра екипираност и ефикасност.

Во 2017 година друштото полисираше близу 183.000.000,00 мкд, додека деловната 2018 година ја заврши со преку 330.000.000,00 мкд. СН Осигурителен Брокер АД Битола планира годинава да ја заврши со над 500.000.000,00 мкд полисирана премија, што значи развојот на СН Осигурителен Брокер АД Битола продолжува и понатаму, а со тоа продолжуваме да бидеме најбрзорастечко, најголемо и најдобро брокерско друштво во секторот на осигурување.

СН Осигурителен Брокер АД Битола цели да го задржи синонимот за квалитетна, ефикасна и брза услуга за целосниот спектар на услуги кои што ги нуди и постојано инвестирање и вложување во нови знаења и обучување на нашиот млад професионален и перспективен кадар кој посветено ќе се грижи за клиентите.

Вашата моментална работна позиција во СН Осигурителен брокер АД Битола е раководител на Сектор за Финансии. Кажете ни како е да се работи во една толку брзорастечка фирма како што е СН Осигурителен брокер АД Битола, на кој начин се справувате со сите задачи за да ги извршите.

Како Раководител на Сектор за Финансии сум од самиот почеток на формирање на фирмата, односно во Декември 2019 пет години дел од успешната приказна и сакам да кажам дека гордост ми е што сум  дел од успехот, предизвиците и разновидните случувања кои се должат на брзиот раст на СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Да се биде Раководител на сектор за Финансии значи вложување на енергија и максимална посветеност на работата, односно менаџирање, координација и постојана контрола на целокупното работење и вработените и постојано надоградување. Работата апсолутно ме исполнува со тоа што секој ден ми е нов предизвик, нови лекции, нови мотиви и потребата од секојдневно докажување дека нема препреки кои не можат да се совладаат и дека секогаш може подобро од вчера. Самокритичноста, учењето од сопствените грешки и брза реакција кон промени се најважните елементи кои овозможуваат напредок и позитивни промени.

Што е она што ја води компанија да оди напред?

Сметам дека за здрав раст на една компанија, најважно е вработените да се пронајдат во целите и правецот во кои треба да се движи истата. Добро мотивирани кадри можат да ја исполнат секоја цел. За мене лично секојдневните обврски и предизвици што ги носи оваа позиција во СН Осигурителен Брокер АД Битола се добредојдени бидејќи сум среќна што сум меѓу ретките кои не работат, туку всушност уживаат во својата работа. Најголемиот предизвик е како личните критериуми да ги пренесам на сите нивоа во компанијата и со тоа да го изградам ниво на компаниска култура и код на однесување.

Која е мисија на СН Осигурителен Брокер АД Битола, кон што се стреми?

Она кон што се  стремиме е перфекција во областите кои ги работиме и наша мисија се секогаш задоволни клиенти. Се стремиме кон тоа да развиеме долготрајна соработка и партнерство со нашите клиенти, ставајќи огромна важност во исполнувањето на нивните желби и цели врз основа на нашите перформанси. Се трудиме да бидеме сигурен и препознатлив бренд на пазарот на осигурувањето на територијата на  цела држава, а во иднина и надвор од неа.


Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan