23 Ноември, 2024
0.0318

ИНТЕРВЈУ СТАНКОВСКА-КОСТОВА: Кроација осигурување-живот ја потврди лидерската позиција на пазарот, клучна е довербата од клиентите

Објавено во: Финансии 28 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

На почетокот на годинава, токму за нашата редакција, најави дека очекува „Кроација осигурување-живот“ да ја задржи лидерската позиција на македонскиот пазар. Сега, една година подоцна, задоволство е да се сподели информацијата дека таа цел е постигната, а еден од клучните чинители за тоа е стекнатата доверба од клиентите, процес кој континуирано се надградува од година во година. Маја Станковска-Костова, директор на Кроација осигурување-живот, во интервју за Фактор открива дека компанијата веќе седум години редовно исплаќа акумулирани средства по основа на договорите за осигурување што завршуваат, што е големо уверување и потврда за добрата работа, но и за надминување на поставените деловни цели. Со Станковска-Костова разговаравме и за престижното признание кое таа го доби на ниво на Југоисточна Европа, за кое вели дека е голема чест да се биде издвоен како еден од 40-те најзначајните менаџери, а што е овозможено токму од компанијата Кроација осигурување-живот, каде што таа со години го гради професионалниот развој... Во интервјуто откриваме и повеќе детали за сегментот кој има најголем потенцијал на пазарот на животно осигурување, но и за плановите за компанијата за следниот период...

Во септември 2022 го добивте престижното признание Business Elite’s „40 under 40“, награда со која сте избрани како една од 40-те најуспешни и највлијателни лидери во Југоисточна Европа до 40 години. Можете ли да ни кажете што претставува за Вас оваа награда, какво значење има за Вас лично и за Вашиот професионален развој?

Станковска-Костова: Наградата, пред сé, е голема чест и лично задоволство, за сето она што сте го работеле досега и во што сте вложиле години и образование и работа. Потврда дека она што го правите дава вистински резултати, и тоа е видливо и има тежина. Колку што е голема честа да се биде издвоен како еден од 40-те најзначајни менаџери, одговорноста е уште поголема затоа што признанието излегува од локалните рамки, започнувајќи еден натпревар во „голема лига“, за надминување на веќе постигнатото. Но, секако, би потенцирала дека добивањето на оваа награда ми е овозможено од компанијата, „Кроација осигурување-живот“ затоа што, освен што ми овозможи професионално надградување за денес да бидам носител на ова признание, и ме поттикна за остварување на овие резултати, создаде атмосфера, можности и слободен пат за реализација на визијата што ја имам како менаџер, веруваше во мене и во моите одлуки.

Дали таа ќе донесе бенефит и за компанијата што ја раководите, Кроација осигурување-живот?

Станковска-Костова: Секако, признанието, односно наградата, е за поединецот, но тој поединец е претставник на една компанија и бизнис средина. Можноста за постигнување добри резултати може да се реализира само во деловно окружување, во компанија или институција. Така што, оваа награда, освен задоволството и честа за мене, исто така значи и за самата компанија којашто овозможила постигнување подобри резултати, примена на знаење и создала средина во која менаџерот може да придонесе за поголем раст. Целата идеја за оваа платформа и издвојувањето на добрите деловни резултати е некакво вмрежување и спојување на луѓето, менаџерите и компаниите. Токму со тоа вмрежување се отвораат нови можности. Оваа награда носи многу предности за компанијата и верувам дека со своето знаење и работа ќе помогнам за конечна реализација на сето тоа.

Кој е сегментот со најголем потенцијал за развој на пазарот на осигурување на животот?

Станковска-Костова: Иако не е новина и на глобалниот осигурителен пазар се користи веќе долго време, на нашиот делумно развиен осигурителен пазар банкоосигурувањето е сегмент со најголем потенцијал за развој. Кроација живот посветено работи и вложува во развој на банкоосигурувњето, пред сé, затоа што е еден од сегментите во кој се отвораат дополнителни можности за клиентите. Како што кажав погоре, во денешниот деловен свет многу од перспективите се гледаат во вмрежувањето на различни сектори или ентитети и создавање на еден производ со повеќе бенефиции. Така, во основата на банкоосигурувањето е спојување и поврзување на двата финансиски производа, од осигурителниот и банкарскиот сектор. На овој начин нашите производи станаа подостапни до самите клиенти, а банките го отворија пристапот до нивните финансиски продукти. Како компанија сме посветени на континуиран развој на нови продукти, особено оние поврзани со банките, со цел да се зголемат бенефициите на клиентите и да се пресретнат нивните барања и очекувања. Најчесто прифатлив производ е ризико осигурувањето, врзан со кредитните производи на банките преку кој финасиски ги згрижуваме семејствата на кредитокорисниците при настанување осигурен случај смрт на осигуреникот, односно Кроација го отплаќа неотплатениот дел од кредитот кон банките.

Наша задача, како лидер на пазарот на осигурување на животот, останува пред сé да ја пренесеме информацијата за потребата од поседување полиса и да ја зголемиме свеста за можностите и предностите на ова осигурување.

Тука се и производите за осигурување на животот со инвестициска компонента, Unit linked производи, кои вклучуваат осигурување на животот и инвестирање во инвестициски фонд, производи со кои клиентите имаат можност да остварат повисоки потенцијални приноси преземајќи го ризикот од инвестирање. Создадовме широка палета на Unit linked производи, целосно флексибилни на потребите на клиентите во соработка со Друштвата за управување со инвестициски фондови.

На почетокот на годинава, токму за Фактор, најавивте дека очекувате во оваа 2022 година компанијата да ја потврди лидерската позиција на пазарот на животно осигурување. Дали се случи тоа и можете ли да ни ги презентирате најновите податоци?

Станковска-Костова: Да, со трет квартал, 2022  Кроациа осигурување живот ја потврди лидерската позиција. Како прва компанија што го понуди животно осигурување во државата има веќе стекнато и зацврстено искуство и знаење од еден многу понапреден пазар од нашиот. Од самиот почеток, тоа ни обезбеди значајна предност, но сепак морам да кажам дека во текот на сите овие години и домашниот пазар значително се смени со што се сменија и околностите. Животното осигурување сега не е реткост, туку е производ каде што вложувањето трае подолг период низ кој се стекува целосната доверба од осигурениците. Кроациа во континуитет ја потврдува својата лидерска позиција и предводник во овој осигурителен сегмент. Веќе 7 години редовно исплаќаме акумулирани средства по основ договори за осигурување кои завршуваат и овие исплати од година во година се зголемуваат, од 2,2 милиони евра во 2020 година, 2,5 за 2021 а за тековната проекцијата е исплатената премија да биде 2,8 милиони евра, што е големо уверување и потврда за добрата работа но и за надминување на поставените деловни цели.

Средствата што нашите клиенти ги акумулирале во текот на договорот за животно осигурување сега им се исплатени. Овие договори се на период до 17 години што зборува за степенот на взаемна доверба што ја градиме со нашите осигуреници, па така голем број си ги продолжуваат полисите или ги прошируваат на други членови на семејството, на следното поколение и се гради една убава и вредна традиција на вистинско ценење на животот.

Овие резултати според очекувањата ја потврдија добрата стратегија што ја спроведуваме и го потврдуваат она за што се залагаме, понуда на подобри производи, подобра услуга и во корелација со потребите на пазарот и на граѓаните. Со сето ова, секако дека очекуваме и во иднина да го задржиме водечкото место на пазарот користејќи ги главните предности што ги имаме, услугата кон нашите клиенти, сигурноста, финансиската стабилност.  Кроациа осигурување живот управува со над 60 милиони евра средства што овозможува стабилно и профитабилно работење и над се гарантирана стабилност и за компанијата, пазарот и клиентите.

Какви се плановите на Кроација осигурување-живот за следниот период, со какви резултати очекувате да ја завршите годинава и кои се предизвиците за следниот период?

Станковска-Костова: Покрај сите предизвици што нѐ опкружуваат, намалување на економската активност, Кроација Осигурување-живот ќе ги реализира проекциите за оваа година, а следниот период имаме амбициозни планови. Остануваме фокусирани на подобрување на понудата при што дигитализацијата останува приоритет во развојните проекти и за оваа година. Иновативноста е и отсекогаш била составен дел од нашето работење, па така и во иднина верувам дека ќе најдеме најдобри решенија за сите предизвици што ќе се постават пред нас. Со сето ова, секако дека очекуваме да го задржиме водечкото место на пазарот користејќи ги главните предности што ги имаме, услугата кон нашите клиенти, сигурноста, финансиската стабилност. 

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?