24 Јануари, 2025
0.0621

Интервју Влатко Поповски: За зголемено вработување потребни се квалитетни бизнис планови

Објавено во: Македонија 03 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Агенцијата за вработување во Оперативниот план за 2017-та година има предвидено повеќе мерки кои невработените лица може да ги искористат, од повици за практиканство во компании со можност за целосно вработување, до средства за отварање на нови бизниси. Разговаравме со директорот Влатко Поповски како овие мерки да се искористат, но и за искуството од досегашната реализација на проектите и нивната ефикасност, особено кај најранливите категории на невработени.

Фактор: Кои се конкретни мерки кои Агенцијата за невработување ќе ги преземе во наредниот период за намалување на невработеноста?

Поповски: Во овој момент објавени се четири мерки, а како и секоја година најмногу интерес има за практиктанство и од невработени лица и од компании. Исто така многу апликации пристигнуваат за мерката за самовработување со грант кој оваа година е повисок и изнесува 4000 евра. Сакаме да ги одбереме најдобрите и најквалитетните кандидати, па од понеделник ќе ги повикаме да го пополнат прашалникот кој постојано се менува за да нема злоупотреба на системот. Сега клучна ќе биде бизнис идејата, познавањето од бизнисот и упорноста. Бизнис планот се изработува преку ваучер со соодветен експерт откако ќе заврши обуката за претприемништво која трае 5 дена и е навистина од голема корист.

Фактор: Дали може да аплицира само поединец или цел тим со одреден бизнис план и своја идеја?

Поповски: Ние можеме да го финансираме само основачот, а од бизнис планот се гледа каква ќе биде организациската структура. Тој што ќе има најдобар бизнис план и ќе сака да ангажира уште едно лице ќе може да го финансираме во октомври со дополнителни 1500 евра. Кај кредитирањето како мерка која следи подоцна има можност да аплицираат до 5 лица и да се добијат до 23000 евра, па може да се направи и поголем бизнис. Кредитот е навистина поволен со 1 година грејс период и 1% годишна камата. Парите кои сега ќе ги пласираме се вратени од претходните кредити и токму со средства од над 1 милион евра кои ги имаме на сметка ги финансираме овие проекти. Кај кредитирањето лицата сами го подготвуваат бизнис планот, но ние објавуваме и образец па така воопшто не е ништо тешко.

Фактор: Како може да ги трошат средствата кои ќе ги добијат апликантите за самовработување со грант и со кредитирањето?

Поповски: Има две различни примени на средствата. Кај кредитирањето нема ограничување за што ќе ги трошат, ние препорачуваме да ги наменат за ставките во бизнис планот, но тука има хипотека или жирант кои се гаранција и секако потоа основата фирма треба да има активност. Кај грантот парите се трошат наменски, пред се за опрема и материјали, се доставуваат три профактури од кои избираме која е најдобра и средствата преминуваат во основачкиот дел на самиот бизнис. Целта е сите бизнис планови да успеат и да донесат квалитетни вработувања.

Фактор: Агенцијата за вработување треба да послужи како медијатор меѓу невработените и бизнис секторот. Каде ги гледате недостатоците, има објавено повеќе работни позиции, а често луѓето се жалат дека не доаѓаат до работно место?

Поповски: Главна цел на Агенцијата за вработување уште пред речиси 10 години беше да се добие јасна слика за пазарот на трудот. Направивме категоризации на активни и пасивни баратели на работа според стандарди кои ги препознава и Евростат. Затоа постојано ги унапредуваме формуларите за пријавување на невработените каде е потребно да ги наведат сите податоци за образованието и работното искуство. Со сите лица контактираме за различни мерки, имаме постојани обуки или повици. Препорачуваме до невработените да одговараат на нашите пораки, но и во формуларите да остават точни податоци за да нема недоразбирања. За секој има различни можности. 

Фактор: Низ повеќе анализи на пазарот на трудот се издвојуваат неколку ранливи категории. За нив постојат мерки кои веќе се применуваат. Гледате ли напредок?

Поповски: За сите категории се трудиме да креираме соодветни мерки, на пример Македонија вработува во два наврати постигна огромен успех и се вработија околу 30 илјади лица преку различните програми, а голем дел од нив се токму млади. Со останатите мерки кои се спроведуваат во континуитет имаме над 43 илјади вработувања кои се уште се во работен однос од 2006-та до 2016-та. 

Фактор: Една од главните забелешки на бизнис секторот е дека многу тешко доаѓаат до соодветен кадар, каде е тука проблемот, како комуникацијата меѓу кандидатите и фирмите да се подобри?

Поповски: Во последните години организиравме саеми за вработување каде сакавме на младите да им укажеме кои профили или професии се најбарани и успеавме да го зголемиме интересот за техничките факултети, особено по влезот на странските компании на кои им треба ваков кадар, но и на домашните компании кои веќе јавно говорат за нивните кадровски потреби. Еден од проблемите беше и тоа што кандидатите не знаат за колкава плата ќе работат. Направивме измена на законот за работни односи со тоа што наложивме компаниите да ја објават минималната плата на огласот, а по нивна сугестија  дозволивме и сумата да се прикаже „од до“. Сите огласи за вработување мора да се објавуваат и на нашиот веб сајт што за компаниите е сосема бесплатно и тука има строга форма која треба да се пополни. Дневно се објавуваат по 500 до 600 работни места. Една сугестија која им ја давам на компаниите е да кажат колку точно кандидати им се потребни, ако се 5 тогаш навистина да побараат 5. 

Фактор: Како го гледате напредокот на Агенцијата за вработување во изминатите години бидејќи подолго време ја извршувате и функцијата директор. Станува ли Агенцијата подостапна за граѓаните?

Поповски: Нашата цел е секој клиент да биде услужен, затоа постојано ги реновираме нашите центри низ цела Македонија, имаме уште 15 објекти кои треба да се доизградат, а дел од нив треба целосно да се срушат и одново да се изградат и да бидат пристапни до сите, клиентски ориентирани, со соодветни простории за обуки и советување од секаков вид.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

„СРЕЌНО, ВРЕМЕ Е ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ!“: ДУИ вели дека имаат двојно поголема поддршка од сите албански партии - „оваа влада нема легитимитет“

„СРЕЌНО, ВРЕМЕ Е ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ!“: ДУИ вели дека имаат двојно поголема поддршка од сите албански партии - „оваа влада нема легитимитет“

„НЕМА ВРЕМЕ ЗА ЧЕКАЊЕ, ОД ВАШИНГТОН И ЊУЈОРК ДИРЕКТНО ВО СКОПСКИ ПЕТРОВЕЦ“! Мицкоски се врати и веднаш се фати за работа

„НЕМА ВРЕМЕ ЗА ЧЕКАЊЕ, ОД ВАШИНГТОН И ЊУЈОРК ДИРЕКТНО ВО СКОПСКИ ПЕТРОВЕЦ“! Мицкоски се врати и веднаш се фати за работа

САКАЛЕ ДА ИЗВРШАТ ТЕРОРИСТИЧКИ АКТ НА ЦИВИЛИ И РЕГРУТИРАЛЕ НОВИ ЧЛЕНОВИ НА ИСИС - откриени уште четири лица осомничени за терористичка организација

САКАЛЕ ДА ИЗВРШАТ ТЕРОРИСТИЧКИ АКТ НА ЦИВИЛИ И РЕГРУТИРАЛЕ НОВИ ЧЛЕНОВИ НА ИСИС - откриени уште четири лица осомничени за терористичка организација

ПОЧНА ПРВОТО ОД ЧЕТИРИТЕ СУДЕЊА ЗА МЕРКО: Тој е на црна листа на САД, а има повеќе од 9 обвиненија против него

ПОЧНА ПРВОТО ОД ЧЕТИРИТЕ СУДЕЊА ЗА МЕРКО: Тој е на црна листа на САД, а има повеќе од 9 обвиненија против него

ВЕРУВАЈТЕ ВО НАС, НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ДА ВЕ ЗАСРАМИМЕ: Мицкоски со моќна порака до граѓаните

ВЕРУВАЈТЕ ВО НАС, НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ДА ВЕ ЗАСРАМИМЕ: Мицкоски со моќна порака до граѓаните

ДЕЛ ОД СРПСКИТЕ ТУРИСТИ ВО ГРЦИЈА ЌЕ ОДАТ ПРЕКУ БУГАРИЈА: Дојранчани се плашат дека ќе ги изгубат гостите

ДЕЛ ОД СРПСКИТЕ ТУРИСТИ ВО ГРЦИЈА ЌЕ ОДАТ ПРЕКУ БУГАРИЈА: Дојранчани се плашат дека ќе ги изгубат гостите

СТУДЕНТСКИ ОБРОК ЗА 160 ДЕНАРИ ИЛИ МЕРКАТА ДА ОПФАТИ ПОГОЛЕМ БРОЈ СТУДЕНТИ? Што ќе одлучат идните академски граѓани

СТУДЕНТСКИ ОБРОК ЗА 160 ДЕНАРИ ИЛИ МЕРКАТА ДА ОПФАТИ ПОГОЛЕМ БРОЈ СТУДЕНТИ? Што ќе одлучат идните академски граѓани

„ВИЕ ВО ЌОРКА, ГОЛЕМЦИВЕ НА СЛОБОДА“: Адвокатот Митревски жестоко за 27 април, вели имал другари од случајот на кои им велел да не одат

„ВИЕ ВО ЌОРКА, ГОЛЕМЦИВЕ НА СЛОБОДА“: Адвокатот Митревски жестоко за 27 април, вели имал другари од случајот на кои им велел да не одат

НАЈДЕ ВРЕМЕ И ДА ПРОШЕТА: Еве каде премиерот го искористи слободното време во САД

НАЈДЕ ВРЕМЕ И ДА ПРОШЕТА: Еве каде премиерот го искористи слободното време во САД