ИНВЕСТИТОРИТЕ НЕ ГАЗАТ НА ТРУЛИ ШТИЦИ - „фрчеа“ блокови, во игра од моќни помоќни друштва, ова се деталите
Објавено во: Финансии 15 Ноември, 2024 08:20
Инвеститорите не газат на трула штица. Тоа може да се заклучи од вчерашниот берзански ден, во кој поминаа четири блок трансакции, а во кои беа купени акции на моќни банки и компании.
Трансакциите се на суми од 37 па се до 65 илјади евра, што значи дека не станува збор за големи акционерски портфолија, но сепак се многу пожелен „имот“ во рацете на секој инвеститор.
Ова од причина што станува збор за акции чии цени и натаму продолжуваат да растат, а и нивните газди се покажале како издашни во делењето на дивиденди, што, пак, гарантира дека нема да има посна есен кога дивидендите ќе легнат на инвеститорските конта.
Од друга страна, пак, фактот што акциите на овие друштва постојано растат, тоа значи дека инвеститорот може во секое време да ги продаде, и од нив да оствари солидна капитална добивка. Тоа особено може да биде значајно доколку дојде до позначајни прегрупирања, па да се оствари и уште подобра цена.
А, не е лоша и третата опција, едноставно акциите да се чуваат, и да се има нешто свое како посед во моќна банка или компанија. Или, пак, често и постојните акционери ги зајакнуваат своите позиции во компанијата, а акции купуваат и раководните лица на одредени друштва, што говори за доверба во бизнисот и перспективите на компанијата со која управуваат.
Како и да е, вчера стана јасно што е навистина барана стока на Македонскиот пазар на капитал.
Па да одиме со ред.
Една блок трансакција беше со акциите на Комерцијална банка, каде што се продадоа 160 акции, по цена од 24.850 денари, или за овие акции купувачот платил 64.650 илјади евра.
Втората блок трансакција според вредност беше со акциите на фармацевтската компанија „Алкалоид“, при што се продадоа 170 акции, по цена од 23.205 денари за акција, или вкупната вредност на трансакцијата беше 64.143 евра.
И градежната успешна компанија „Гранит“ беше посакувана акција за инвеститорите, па во блок трансакција се продадоа 2.000 акции, по цена од 1.630 денари за акција, што значи дека купувачот на овие акции платил нешто над 53.000 евра.
А, интерес инвеститори покажаа и за Стопанска банка Битола, која неодамна ја одби понудата за преземање, па во блок трансакција беа купени 691 акција, по цена од 3.300 денари за акција ( 100 денари повеќе од понудената доколку дојдеше до целосно преземање), што значи дека инвеститорот за овој пакет платил 37.000 евра.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





