05 Декември, 2025
0.0335

Инвеститору, дојди ако смееш!

Објавено во: Финансии 09 Јули, 2013 08:22

Добивај вести на Viber

Што или кој ги брка странците од македонската берза? Странците минатиот месец инвестирале во македонските компании 225 илјади евра. Но, затоа пак продале капитал вреден 1,2 милиони евра. Според берзанскиот извештај за јуни, само 4% од вкупно истргуваните акции ги купиле странски инвеститори, а дури 21% од продадените се токму нивни. Ослободувањето од уделите во македонските компании е се поголемо од месец во месец. Тоа јасно го покажуваат извештаите од Македонска Берза. На пример, ако во јуни лани учеството на странските инвеститори на официјалниот акциски пазар било 24%, сега е 21%. Токму затоа нашиот пазар на капитал, препуштен на домашните инвеститори, едноставно тлее. А што, или кој всушност ги брка странските инвеститори? Одговорот треба да се бара некаде меѓу реалноста и фантазијата. Ги очекуваме, иако знаеме дека нема да дојдат. Што би ги привлекло?! Компаниите не издаваат корпоративни обврзници иако тие за инвеститорите би биле посигурни финансиски инструменти за вложување. На македонските газди и директори се уште им е поедноставно, а и поевтино, да се финансираат преку кредит наместо преку емисија на хартии од вредност. Од друга страна, нема иновативност и од Македонска Берза - се зголеми понудата на акции преку задолжителна котација, но остана проблемот со недоволна побарувачка. И на крајот, странските инвеститори ги повикуваме истовремено додека знаеме дека закочените евро-атлански интеграции на земјава ги одваќаат. Зарем Вие би стапнале на несигурно тло, во блато? Зарем Вие би вложиле во бунар без дно, во окно? Прескокнувајќи го зборот “лицемерие“, може да се констатира дека спасот на македонскиот пазар на капитал е во практично, а не хипотетично решавање на проблемите. Дотогаш, како разлика меѓу реалноста и фантазијата, доаѓа разочарувањето! Христијан Стојчевски

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката