ИНЖЕНЕР ПО ПРОФЕСИЈА, РОДЕН ВО ИДЛИБ: Кој е новиот премиер на Сирија?
Објавено во: Свет 10 Декември, 2024
Новиот премиер на Сирија, Мохамед ал Башир е инженер и политичар роден во 1986 година во регионот Џабал Завија во Идлиб. Според биографијата што ја објави Владата за национален спас, тој има неколку квалификации од областа на инженерството, правото и административното планирање, пишува „The New Arab“.
Во 2010 година го завршил курсот по англиски јазик. Пред три години, тој се здоби со диплома по шеријатско право и право на Универзитетот во Идлиб, а истата година заврши обука за административно планирање и управување со проекти на Сириската меѓународна академија за обука, јазици и консалтинг.
По почетокот на сирискиот бунт против сирискиот претседател Башар ал Асад во 2021 година, Ал Башир ја напуштил работата во државните институции и се приклучил на „бунтовничките редови“.
Ал Башир претходно ја предводеше Владата за национален спас, која беше поврзана со ХТС и управуваше со делови од северозападна Сирија и Идлиб.
Работел како инженер, надгледувајќи ја изградбата на бензинска пумпа, дипломирал електротехника, но специјализирал административно планирање и управување со проекти. Човекот кој ја доби задачата да формира преодна влада во Сирија имаше клучна функција во исламистичката група ХТС, Хајат Тарир ал-Шам и претходно ја водеше Владата за национален спас.
Помеѓу 2022 и 2023 година, Ал Башир беше министер за развој и хуманитарни прашања во владата на неговиот претходник, Али Кеда.
Во јануари 2024 година, Советот на Владата на националниот спас го избра за премиер.
За време на неговиот мандат беа намалени даноците на недвижности, ублажени се правилата за урбанистичко планирање и започнати се консултации за проширување на урбанистичкиот план на градот Идлиб.
Кон крајот на ноември, кога ХТС и другите сириски бунтовнички групи започнаа офанзива во северозападна Сирија и го зазедоа Алепо, Ал Башир на прес-конференција рече дека офанзивата е одговор на „нападите на сирискиот режим врз цивилите“, кои, според него, предизвикале раселување. на „десетици илјади луѓе“.
Вчера, по падот на Асад, Ал Башир доби задача да формира преодна влада.
Се расчистуваат работите во Сирија по падот на претседателот Башар Ал Асад кој избега во Русија и доби азил. Новото раководство нема целосно да ги напушти практиките на претходната влада.Водачот на бунтовниците, кој сега владее со поголемиот дел од Сирија, Ахмед ал Шара, понуди награди за информации за високи воени и разузнавачки службеници вклучени во воени злосторства.