ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Косово реализира успешни приказни
Објавено во: Мои пари 13 Мај, 2025 12:05
Министерството за локална самоуправа во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Косово, реализира успешни приказни и позитивни промени што се одразуваат во секојдневниот живот на граѓаните. Преку финансиска и техничка поддршка,ИПА Програмата создава услови за имплементација на проекти кои носат директни бенефити за локалните заедници.
Прекуграничната соработка не само што го стимулира економскиот развој, туку и овозможува културна и образовна размена, што ја зајакнува регионалната поврзаност. Европската поддршка игра клучна улога во овој процес, овозможувајќи им на локалните заедници да реализираат заеднички проекти во области како што се инфраструктура, животна средина, образование и туризам.
Еден од проектите е „Културна рута: По стапките на Мајка Тереза“, кој ја истакнува силната поврзаност на културното и духовното наследство помеѓу Северна Македонија и Косово. Овој проект не само што го промовира културното богатство на регионот, туку и ја поттикнува туристичката соработка, што има потенцијал да го подобри економскиот развој на прекуграничниот регион.
Во иднина, се очекува продолжување на успешната соработка, со нови планови и проекти кои ќе ја зајакнат интеграцијата и ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните. Програмите за прекугранична соработка продолжуваат да играат важна улога во надминување на разликите помеѓу земјите и во создавањето на пофункционални и ефективни локални и регионални структури.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




