iPhone 6 ни доаѓа со NFC поврзување и бежично полнење
Објавено во: Мои пари 07 Јуни, 2014
Најновите информации ни говорат дека iPhone 6 паметниот телефон ќе има NFC поврзување кога ќе биде објавен. Покрај тоа, iPhone 6 би требало да има и бежично полнење, подобрени антени и поголем екран. За тоа дека ќе има екран од 4,7 инчи се говори веќе подолго време, но сега дознаваме дека резолуцијата ќе биде зголемена од сегашните 640 x 1136 на 960 x 1704.
NFC ќе биде искористен за мобилно плаќање кое Apple веќе некое време го има во план, а иако се порачува и дека ќе има бежично полнење, не е јасно кој стандард ќе биде искористен.