09 Октомври, 2024
0.0243

ИРАН ГО НАПАДНА ПАКИСТАН СО РАКЕТИ: „Убиени се деца на нашите воини, следуваат сериозни последици“

Објавено во: Свет 17 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Пакистан остро го осуди иранскиот воздушен напад внатре во неговите граници. Во нападот загинаа и две деца. Пакистан тоа го нарече „неиспровоцирано нарушување на нивниот воздушен простор“ и најави одмазда, пренесува Си-Ен-Ен.

Иран објави дека користел „прецизни ракети и беспилотни летала“ за да уништи две упоришта на сунитската милитантна група Џаиш ал-Адл, позната во Иран како Џаиш ал-Дулм во пакистанската југозападна провинција Балучистан, пренесува иранската новинска агенција Тасним.

Нападот дојде откако Иран во понеделникот лансираше ракети во северен Ирак и Сирија. Тоа е најновата ескалација на непријателствата на Блискиот Исток, каде што израелската војна во Газа се заканува да ескалира во поширок регионален конфликт.

Пакистанското Министерство за надворешни работи соопшти дека во нападот на нивна територија биле убиени две невини деца и го предупредиле Иран на сериозни последици.

- Уште позагрижувачки е што тоа се случи и покрај постоењето на неколку канали за комуникација меѓу Пакистан и Иран - соопшти Министерството.

По нападот, нуклеарно вооружениот Пакистан упати остра нота на протест со висок функционер во иранското Министерство за надворешни работи во Техеран и рече дека одговорноста за последиците ќе лежи директно кај Иран.


Милитантната група Џаиш ал-Адл доцна синоќа соопшти дека иранската револуционерна гарда употребила шест нападни беспилотни летала и налет од ракети за да уништи две куќи во кои живееле сопругите и децата на нивните борци.

Убиени се девојчиња на возраст од осум и 12 години, а најмалку четири лица се повредени. Цел на нападот била и џамија во близина на нападнатите куќи.

Џаиш ал Адл или Армијата на правдата е сепаратистичка милитантна група која оперира од двете страни на границата и претходно ја презеде одговорноста за нападите врз ирански цели. Нивната цел е независност на иранската провинција Систан и Белучистан.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист