Добивај вести на Viber
До 30 јуни, Иран и должел на Cветска банка 697 милиони долари. Поради неплаќањето на задолженијата, институцијата го стави Техеран на листата на платежно неспособни должници, што значи дека Банката нема да му доделува нови кредити, додека не го реши овој проблем.
„Повеќе од шест месеци Иран не ги плаќал своите обврски кон Светска банка, што веројатно е уште еден знак за тешката состојба на иранската економија и недостигот на ликвидни средства поради санкциите што се воведени кон оваа земја“ - соопшти Светската банка.
Во моментов Иран нема програма за кредитна поддршка со организацијата, а за последен пат таква помош искористил во 2005 година.
Единствена друга земја во СБ со статус платежно несособна е Зимбабве, која не ги подмирила своите обврски од 2000 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.