06 Октомври, 2024
0.0252

ИРИ: 70 одсто од ѓраѓаните незадоволни како се трошат нивните пари

Објавено во: Економија 14 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Американскиот републикански институт ИРИ спроведе теренска анкета чии податоци покажале дека граѓаните на Македонија најмногу се загрижени за правецот во кој се движиме како земја, а исто толку загрижени се и за двете кризи - економската и политичката кои ја тресат Македонија со месеци.

Според анкетата на овој институт 55 одсто од граѓаните сметаат дека актуелниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ не заслужува да биде реизбран и да добие уште еден мандат. Овие податоци велат дека лани 38 одсто од граѓаните сметале дека премиерот не ја ужива довербата во граѓаните.

iri1

Дека премиерот треба да си поднесе оставка сметаат 35 одсто, 27 веруваат дека треба преодна влада, а дека кризата ќе се реши доколку владините министри си поднесат оставки е мислење на 19 одсто од граѓаните.

Во врска со опозициските „бомби“43 одсто од граѓаните слушнале дел од разговорите,14 осто не ги слушнале, но знаат за нив, а дури 65 одсто велат дека се автентични.

iri2

Според 33 отсто од граѓаните, зад прислушувањето стои Управата за безбедност и контраразузнавање, а според 34 отсто странска тајна служба.

31

Во врска со кумановскиот инцидент 49 процетнти од испитаниците сметаат дека зад инцидентот стои Владата, а  вооружената група била ангажирана и платена од политички или владини лица за да предизвика дестабилизација на државата, а според 22 отсто групата постапувала самостојно со барања до македонската Влада.

51

На прашањето кој им платил на вооружените терористи за да ја дестабилизираат Македонија, најголем број или 34 отсто одговориле Владата, 30 отсто одговориле дека не знаат, а 8 отсто одговориле ВМРО-ДПМНЕ.

Поголем број, односно 36 отсто сметаат дека полициската акција имала за цел да ја дефокусира јавноста од „бомбите“ на опозицијата кои беа објавувани тој период, а 34 отсто сметаат дека било неопходно да се преземе акцијата за да се превенира напад.

iri4

Се помал е и бројот на граѓаните во владините политики поврзани со економските проблеми. Процентуално 58 од граѓаните не им веруваат на стратегиите на владата а 33 одсто веруваат во нив.

Доколку денес се одржат избори 49 одсто граѓани би излегле да гласаат , а 22 најверојатно.

iri5

Најнезадоволни се граѓаните од начинот на кој се управува со нивните пари. 70 одсто од испитаниците велат дека се исклучени од јавните прашања се покажува и преку тоа што само 8 отсто одговориле дека прашале во државна или локална институција како се трошат парите од даночните обврзници, 51 отсто од граѓаните никогаш не се сетиле да прашаат, а 37 отсто сакале да прашаат но никогаш не го направиле тоа. Од малите 8 проценти, 5 проценти рекле дека не се задоволни од одговорот што го добиле.

Целиот извештај може да го погледнете тука.

Можеби ќе ве интересира

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?