17 Декември, 2025
0.0580

ИРОНИЈА: Шешељ бара инвалидска пензија од БиХ и веројатно ќе ја добие?

Објавено во: Балкан 05 Декември, 2014 18:45

Добивај вести на Viber

Лидерот на српските радикали обвинет за воени злосторства во Хаг Воислав Шешељ побарал од Босна и Херцеговина да му обезбеди исплата на инвалидска пензија, а како што стојат работите веројатно тоа и ќе го добие, бидејќи препорака за ваква одлука дале лекарски комисии и во Србија и во Федерацијата БиХ, пренесува „Дневни аваз“. Шешељ во 80-тите години на 20-от век беше вработен како асистент на Факултетот за политички науки во Сараево. Таму заради националистичко делување доби отказ и потоа се пресели во Белград каде што ја продолжи политичката кариера. Врз основа на овој предвоен работен стаж во БиХ, сега Шешељ поднел барање за инвалидска пензија, а наодите од Белград му потврдуваат дека тој е инвалид од прва категорија. Согласно прописите, дијагнозата на белградските лекари мораше да ја потврди и Институтот за медицински вештачења  на зцдравствената состојба во Федерацијата БиХ, а експертите на оваа институција врз основа на документацијата од Белград го потврдиле неспорниот инвалидитет на обинетиот за воени злосторства, иако немале можност да го прегледаат. „Тоа усогласување во сите земји се прави без преглед. Се потврдува само врз основа на дијагноза и документацијата која ќе се достави“, вели директорот на Институтот Зијад Хаџиомеровиќ, кој потврдува дека Шешељ доставил многу обемна документација, но за нејзината содржина не може да зборува бидејќи тие податоци се заштитени со закон. Лекарските власти во Федерацијата БиХ велат дека апликацијата била поднесена уште во времето додека Шешељ уште бил во Хаг, а тие ја изработиле професионално без воопшто да се водат од името и презимето на подносителот.  

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата