ИСЧЕЗНА ЧОВЕКОТ ОСОМНИЧЕН ДЕКА ПРОДАВАЛ ПЕЈЏЕРИ НА ХЕЗБОЛАХ: Отишол во САД и оттогаш му се губи секаква трага
Објавено во: Свет 27 Септември, 2024
Норвешката
полиција издаде меѓународна потерница за маж поврзан со продажба на пејџери на
милитантната група Хезболах.
Ринсон Хозе (39), основачот на Норта Глобал, бугарска компанија наводно вклучена во синџирот на снабдување со пејџери, исчезна за време на службено патување во САД минатата недела. „Вчера добивме дојава дека исчезнало лице поврзано со пејџери. Отворен е случај за исчезнато лице и по него распишавме меѓународна потерница“, соопшти полицијата во Осло.
Норта Глобал е основана во Софија пред две години
Хозе одби да зборува за пејџерите кога Ројтерс го контактираше на 18 септември и ја спушти слушалката откако беше прашан за работењето на компанијата во Бугарија. После тоа повеќе не одговараше на повиците и пораките на новинарите. Покрај тоа што има своја компанија, Хозе работи и во одделот за продажба на норвешката медиумска компанија DN Media Group.
Работодавецот потврди дека Хозе патувал на конференција во Бостон на 17 септември, но изгубил контакт со него следниот ден. Според бугарскиот корпоративен регистар, Хозе во 2022 година ја основал Норта Глобал, компанија со седиште во главниот град Софија.
Бугарските власти ја испитуваа улогата на компанијата во снабдувањето на пејџерите, но не најдоа докази дека тие биле произведени или извезени од Бугарија. Во експлозиите од пејџерите, за кои е обвинет Израел, загинаа 12 лица, меѓу кои две деца, а беа повредени околу 2.800 други.
фото: EPA/LINKEDIN* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.