20 Мај, 2024
0.0268

Иселувањето ја „инфицираше“ индустријата, ќе се најде ли „лек“ за недостигот на кадар?

Објавено во: Економија 01 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Намалувањето на работниците во индустријата ќе продолжи и во наредниот период, што особено ќе се чувствува кај помалку платените, но и потешки дејности. Недостиг на стручен кадар одамна има, а дополнително има и недостиг на работници во голем број дејности.

Ова го посочува Ангел Димитров, претседател на Собранието на Организацијата на работодавачи на Македонија за „Фактор“ по објавата на ДЗС дека бројот на работници во земајва повторно има пад.  

- Сметам дека ќе продолжи оваа тенденција на намалување на работниците во индустријата и во следниот период. Ова најмногу се должи засега на разидувањето меѓу образовниот процес и потребите на пазарот на трудот. Младите не сакаат да работат во преработувачката инудстрија или пак во некои други дејности како рударскиот сектор, но и општо во индустријата, бидејќи не сакаат тешки дејности. Голем дел завршуваат факултети и сакаат да се вработат на добра позиција, од старт со високи плати и на административни позиции каде работата е полесна. Во случај да не се вработат во земајва заминуваат во странство, каде ако не работат по струката, согласно факултетот кој го изучиле прифаќаат било каква работа. Бидејќи знаеме дека тоа се поплатени работни мета, платите во европските земји и кај нас не се споредливи, поради што оваа тенденција сметам дека ќе се чуствува и во иднина – прецизира Димитров.

Тој посочува дека нема сектор во земајва каде нема недостиг на работници. Укажува дека недостиг се јавува дури и во сектори каде има повисоки плати од просекот во земајва, што според него се должи најмногу на заминувањето во странство.

-  Младите не заминуваат само поради платите, туку и поради лошите услови за живот, партизацијата, начинот на функционирање на државата, едноставно не им се допаѓа како функционира државата и затоа заминуваат – посочува Димитров.

Како што објави ДЗС во последното соопштение, во периодот од јануари до октомври 2022 година, споредено со истиот период минатата година, бројот на раобтници е намален за 1,3 проценти.  

Димитров за „Фактор“ вели, тешко дека недостигот на работници може да се компензира со подобра технолошка опременост на компаниите, особено во дејности каде и нема технологија која е напредната, односно нема новини во технологијата.

-  Неопходно е да се насочуваат младите да изучуваат стручни училишта, да се насочуваат кон дејностите каде има недостиг, кариерно насочување од најрана возраст. Не треба да се запишуваат на било какви студии, туку да се насочат кон области каде има потреба од специјализиран кадар, за да се стекнат со некакви предзнаења. Недостигот на квалитетен кадар во земајва го чуствуваат сите, се чувствува во сите области, дури и странските компании имаат проблем да најдат кадар. Основа за подобрување на состојбите е преку образованието. Мадите кои ќе завршат факултет веднаш очекуваат да добијат позиција и висока плата, или работа во администрација, под државна капа, а таму нема толку работни места. Но и покрај тоа што неможат да се вработат не прифаќаат во приватен сектор, туку заминуваат во странство каде реално платите се повисоки и тоа ги влече – заклучува Димитров.

Последниве години зачестија поплаките од компаниите дека потрагата по работници е отежната, а понекогаш дури и невозможна мисија.

П. О. 

Можеби ќе ве интересира

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање