20 Мај, 2024
0.0262

ШТО Е ПОТЕШКО ДА СЕ НАЈДЕ РАБОТНИК ИЛИ РАБОТОДАВАЧ? – обуки тешко се прифаќаат, стручен кадар нема никаде

Објавено во: Економија 15 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Последниве години зачестија поплаките од компаниите дека потрагата по работници е отежната, а понекогаш дури и невозможна мисија. Ова особено се однесува на квалификуван кадар од повеќе стручни дејности кој недостига на пазарот. Дополнително упатените укажуваат дека, ако порано имало поголема конкуренција и повеќе заинтересирани конкуренти за еден оглас за работно место, денеска состојбите се променети, па на огласите се пријавуваат се помалку заинтересирани работници, а дополнително голем дел од нив ги немаат потребните вештини.

Одливот на младите, како и на квалификуваните работници и од повозрасните групи граѓани благодарение на либерализацијата, или двојното државјаноство направија големи промени на пазарот на труд.

Упатените истакнуваат дека проблемот со недостиг на квалификуван кадар и понатаму е присутен и додаваат дека не станува збор за специфични барања за одредени работни позиции, туку тоа се неопходни квалификации за едно лице да може да ја работи дејноста за која се бара работник.

-  Имаме ситуации во кои и работниците на некој начин пребаруваат, односно се селективни, но и кај работодавачите, понекогаш се појавуваат одредени потешкотии за да се најде работник. Во суштина искуството вели дека не се бараат специфични знаење од работниците, туку неопходно знаење за едно лице да ја добие работата. Веќе е познато дека најгоелм дел од кадарот што недостига го нема и понатаму на пазарот, тоа се сите стручни занимања, од нискоградба, високоградба... Тоа се струки кои едноставно ги нема. Но, од друга страна има работници од кои дел се неквалификувани, а има и такви кои се преквалификувани што би се рекло, тоа се обично од ИТ секторот, кои не прифаќаат било каква работа, или било каква плата,односно сакаат повисоки месечни надоместоци – обајснува првиот човек на агенцијата за привремени вработувања „Партнер“, Раде Ненадиќ.

Нашиот соговорник појаснува дека ретко кој се нафаќа на дообуки, обично истите се преку програмите за самовработување или за разни ИТ вештини, за изучување јазици, но многу малку, скоро без интерес за изучување на струки кои недостигаат на пазарот и кои се специфични и тешки за работа.

-  За дефицитарните професии интересот е многу слаб. Сигурно тоа зависи и од условите кои ги нудат компаниите, почнувајќи од платите, па се до услови на работно место, па и знаењето за ракување одредени машини, но забележително е дека истиот е многу мал – потенцира Ненадиќ и дополнува дека уште пред кризата голем број луѓе што имаат стручно знаење заминале на работа во европските земји, и дека и понатаму има такви кои заминуваат на работа во странство.

Соговорници за „Фактор“ исто така укажуваат дека за работодавците не секогаш е важно, односно нема пресудно значење какво образование има потенцијалниот работник, туку какви вештини има. Додаваат дека вообичаено работниците сакаат од старт да добиваат високи плати, а работодавачите сакаат млади работници, па затоа разидувањето е честопати неизбежно.  

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање