ИСХОД ОД СРЕДБАТА НА ИСТОРИЧАРИТЕ: Нови идеи на маса за Гоце Делчев
Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2020
Продолжија разговорите на темите на кои беше застаната работата, вели историчарот Драги Ѓоргиев од мешовитата комисија.
Имало интензивни и напорни дискусии овие два дена.
„Мораше да се утврди динамиката понатаму на комисијата. Договорено е до крајот на оваа година да има уште една средба и за следната година договорени се уште пет среби доколку дозволи ситуацијата околу ковид вирусот“, рече Ѓоргиев.
Разговарале за учебниците за 6 - то одделение во бугарскиот образовен систем и за личност на Гоце Делчев.
Вели дека има напредок за учебниците, а за Гоце Делчев имало на маса нови идеи. Но, детали не соопштија за какви идеи станува збор.
Бугарскиот историчар Ангел Димитров вели дека овие два дена биле како времето, сиво.
Бугарските историчари имале 14 забелешки за македонските учебници.
„За жал немавме време ни можност да постигнеме нешто за Гоце Делчев“, рече Димитров.
Тој рече дека тие како историчари не се занимаваат со јазикот. Вели дека историчарите треба да бидат повеќе историчари, а помалку политичари.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.