15 Јануари, 2025
0.0257

Искористени 14 од вкупно достапните 64 милиони евра за поттикнување на вработувањето

Објавено во: Економија 22 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Досега, се распределени 14 милиони евра од вкупно достапните 64 милиони евра се наменети за поттикнување на вработувањето и развојот на вештините за вработување во земјава.д нив, 54 милиони евра се средства од Европската унија, а останатите се обезбедени од буџетот на Република Македонија. Станува збор за средства од Оперативната програма за развој на човечки ресурси што се спроведува од 2007 до 2013 година во рамки на четвртата компонента од Инстументот за претпристапна помош (ИПА).

„Вработувањето и градењето на услови за вработување се една од важните цели и затоа многу средства се одвојуваат за оваа намена. Имаме сеопфатна програма за развој на човечките ресурси што се спроведува во период од седум години. Целта е да се постигне поголема вработеност и вработувањата да бидат достапни до повеќе граѓани. Од една страна сакаме да ги зајакнеме институциите, а од друга страна да го подобриме животот на граѓаните и затоа финансираме во вештините и обуките за граѓаните“, истакна на денешната средба со новинарите Ингрид Сагер, шеф на Секторот за човечки ресурси во Канцеларијата на ЕУ во Скопје. Таа оцени дека досега многу е постигнато, но оти сепак напредокот е многу спор.

„Од една страна сме задоволни, а од друга страна не сме. Се наоѓаме на почетокот на спроведувањето на програмата. Имаме едно до едно и пол годишно искуство во спроведувањето затоа што иако програмата се нарекува 2007-2013, првите години беа посветени на зајакнување на институциите за да можат да раководат со овие средства. Постојано соработуваме со владините партнери за да ја зголемиме ефикасноста на системот и се надеваме дека ќе ја забрзаме имплементацијата“рече Сагер.

Досега нема точни податоци за тоа колку лица се вработени со овие програми,  но од ЕУ очекуваат попрецизни информации за година до две години. Програмата за развој на човечки ресурси 2007 -2013 беше усвоена во декември 2007 година од страна на Европската унија

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања