ИСКУСТВО ОД ГЕРМАНИЈА: Мислев дека ќе се измачам, но ова е друг свет!
Објавено во: Финансии 17 Февруари, 2017 18:43
Геронто-домакинките буквално се најбарани насекаде во светот. Се почесто од регионот слушаме приказни како госпоѓи се почесто се оддалечуваат од своите занимања и заминуваат масовно во Германија , бидејќи како велат, работата не е напорна, а заработката е одлична.
Своето искуство во текот на работата во Германија го споделила во српските медиуми Мирјана Ш. 50-годишна жена од Вршац.
„Веднаш да ви кажам дека јас имав среќа. Отидов преку агенција, а бабата кај која отидов беше подвижна и здрава за своите години. Нејзе практично и требаше само друштво. Наутро пиевме кафе, јас и подготвував ручек и терапија која секојдневно ја пиеше, подоцна гледавме емисии на телевизија, одевме во прошетка ...Јас, да бидам искрена, на таа работа и се одморив“, рекла педесетгодишната жена.
ЈА ОСТАВИЛА РАБОТАТА И ОТИШЛА ВО ГЕРМАНИЈА
„Дознав од пријателки дека е можно да се отиде во Германија, и сфатив дека тоа е моментот кога треба да пресечам. Разговарав со сопругот, и се договоривме да се обидам. Дадов отказ во локална продавница , во која газдата со години ме малтретираше и реков да прифатам. Заработував 200 евра во Вршац, а платата во Германија ми беше неколку пати повисока. Пресметките беа јасни.
„Работата која ја имав беше никаква, но знаете каква е состојбата во Србија, каква таква, мора да се работи. Навистина ми се исплатеше ризикот. Јас месечно имав чиста заработка од 1200 евра во Германија. Имав обезбедено сместување и храна. Признавам дека условите ми беа и многу подобри отколку дома. Бабата кај која бев била адвокатка во пензија, елоквентна и трезвена жена. Немав никакви проблеми со неа“, искрено раскажува госпоѓата.
Немаат сите толку среќа
„Вие никогаш не знаете кај кој ќе отидете. Може да ви се погоди да поминете одлично како и јас, но и да наидете на намќори кои воопшто не се лесни за соработка. Од тоа се зависи. Пријателката ми раскажувапе дека таа имала баш невкусно искуство.
„Ем што „нејзиниот дедо“ бил неподвижен, и на посебен режим на исхрана кој барал да му се подготвува храна на секои два часа, што дополнително ја отежнува работата, бидејќи тогаш и често оди во тоалет. Па бањања, пресоблекување ..Но, тоа не е најлошо што се случило. Тој дедо бил и еден голем намќор, се му сметало и ништо не било доволно добро направено според негово мислење.
Јас на пример, едвај чекам да одам повторно, додека таа веќе никогаш во животот не би отишла. После тоа малтретрирање во локалната продавница, и мизерни заработки, мислам дека се си дојде на свое, и дека како вели народот, „има Бог“-заклучила госпоѓата Мира.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





