16 Декември, 2025
0.0407

ИСПОЛНЕТА КВОТА: Нема веќе дозволи за работа на странци во Црна Гора

Објавено во: Балкан 07 Мај, 2014 10:51

Добивај вести на Viber

Црна Гора привремено го стопираше издавањето на работни дозволи за странци затоа што квотата за мај веќе е надмината за 1.500 дозволи, иако е само почеток на месецот. Наместо планираните 6.208 работни дозволи за сранци за цел месец мај, Заводот за вработување на Црна Гора само до 5-ти мај издал 7.758 дозволи за работа, објавуваат црногорските медиуми. Драстичното зголемување на бројот на барања за работни дозволи во Црна Гора се должи на приближувањето на новата туристичка сезона, но и на стравувањето на работодавачите дека со новиот закон за вработување на странци, кој веќе е во процедура, правилата ќе станат построги и покомплицирани. Според Данка Четковиќ, раководител на Секторот за односи со јавност и меѓународна соработка во Заводот, стопирано е само издавањето на нови работни дозволи, додека работодавачите кои веќе ангажираат странци нема да имаат проблем да ги продолжат дозволите. Македонија е во првите четири земји од каде доаѓаат најмногу работници во Црна Гора - 6,6% од вкупниот број на странци кои работат во оваа земја. Сепак поголем е бројот на работници од Србија - 43,93%, Босна и Херцеговина - 21,08% и Русија - 13,71%. Преку 80% од издадените дозволи за работа на странци се однесуваат за помошни работи што ги извршуваат неквалификувани работници во градежништво, туризам и трговија. Најмал процент од странците што работат во Црна Гора се со вишо и високо образование - само 5,5% од вкупниот број.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата