ИСПУКАНИ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ИСТРЕЛИ: Турски рибарски бродови навлегле во грчки територијални води
Објавено во: Балкан 20 Ноември, 2025 19:04
Турски рибарски бродови навлегле во грчки територијални води и покрај предупредувањата.
Грчките власти соопштија дека во вторник навечер се случил сериозен инцидент во грчките територијални води во близина на островот Агатониси, во кој биле вмешани два турски рибарски брода придружени од два брода на турската крајбрежна стража. Според Атина, турските рибарски пловила влегле во грчките води и започнале риболов, по што три патролни брода на грчката крајбрежна стража веднаш се упатиле кон местото.
Грчката страна наведува дека на турските бродови им биле упатени повеќекратни визуелни и звучни предупредувања да ја напуштат зоната, но еден од нив извршил опасни маневри кои довеле до ризик од судир со грчко патролно пловило. Како реакција, биле испукани предупредувачки истрели во морето, по што турските бродови се повлекле кон турските води, пренесува Екатимерини.
Меѓутоа, турските медиуми пренесуваат поинаква верзија на настанот. Според агенцијата ИХА, рибарскиот брод кој отпловил од пристаништето Димдим во областа Ајдин „бил под оган од страна на екипите на грчката крајбрежна стража“, при што било причинето оштетување на пловилото. Турската крајбрежна стража, наводно, пристигнала на местото и го вратила бродот во пристаништето со материјална штета.
Онлајн-порталот A Haber го цитираше капетанот на бродот, Хасан Ајгюн, кој тврди дека инцидентот се случил во турски територијални води и дека „две грчки патролни пловила го вознемирувале рибарскиот брод“. Тој додава дека, и покрај присуството на турска крајбрежна стража, грчките сили не престанале со дејствување и испукале шест истрели кои го погодиле јарболот каде што се наоѓала радарската опрема.
Инцидентот повторно ги потенцира тензиите меѓу Атина и Анкара околу надлежноста и контролата во Егејското Море, области кои долго време се точка на спор меѓу двете соседни земји.
foto Ekatimerini
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




