Историски пад на продажбата на „iPhone“
Објавено во: Мои пари 19 Април, 2016 16:33
Технолошкиот гигант Apple забележа историски колапс во продажбата на најпопуларниот паметен телефон - „iPhone“, покажуваат пресметките на аналитичката компанија „TrendForce“.
Според податоците кои ги објави, во првиот квартал на оваа година продажбата е падната со 43,8%, соопштува интернет изданието „ZDNet“.
Аналитичарите коментираат дека тоа доведува до губење на малку над 6% уделот на пазарот до 14,40%. Како главна причина тие го наведуваат слабите резултати на „iPhone 6s“, кој не привлекува доволно внимание на потрошувачите, бидејќи не нуди „нови возбудливи функции“.
„Буџетскиот модел „iPhone SE“ ќе поддржува општите резерви на iPhone во вториот квартал додека не дојде време за новиот модел. Сепак iPhone SE“ ќе има сериозна конкуренција на својот основен кинески пазар од локалните производители. Очекуваме испораките на „iPhone SE“ за оваа година да се под 15 милиони примероци, што ќе биде доволно за „Apple“ да помине добар краен резултат на општите резерви на „iPhone“ на крајот на годината“, коментира Аврил Ву, аналитичар на „TrendForce“.
Во моментот од „Apple“ не ка коментираат темата.
Според „TrendForce“ лидер на пазарот на смартфони за првото тримесечје од годината останува „Samsung“.
Компанијата го зголемува пазарниот удел од 22.1% до 27.8%. По него на трето место е „Huawei“ со 9.3%, следен од “Lenovo“ со 5.8%, “Xiaomi“ - 5.5% и LG - 5.1%.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




