Истражување: Фејсбук е крив што сме подебели и имаме помалку пари?!
Објавено во: Мои пари 10 Јули, 2014 19:52
Резултатите на едно истражување, покажуваат дека одржувањето на блиски врски со пријателите на Фејсбук го зголемува нивото на самодоверба, но и обемот на струкот и минусот на картичката, затоа добро е да се биде внимателен.
Според нова студија која ја спровеле научници од Columbia Business School и Универзитетот во Питсбург, редовно следење на активностите на блиските пријатели на друштвените мрежи тесно е поврзано со движењето, поточно пораст на индексот на телесна маса и поголем долг на картичките. Блиските односи со пријателите по пат на друштвените мрежи го подигнуваат нивото на самодоверба, но тоа има и негативна конотација, бидејки луѓето во тие моменти се подложни да ги олабават кочниците и да изгубат контрола, пишува mashable.com.
„ Тоа го откривме во разни ситуации, почнувајки од изборот помеѓу здрава и нездрава храна па се до времето потребно за извршување на бараната задача. Исто така откривме дека самоконтролата силно влијае на здравјето и личните финансии “, вели професор Katz Fellow од Универзитетот во Питсбург.
Друга страна на тој проблем е фактот дека Фејсбук влијае на зголемено ниво на самодоверба кај корисниците кои чувствуваат блиска поврзаност со пријателите на друштвените мрежи, но после многу кратко време се јавуваат и негативни последици. „ Она што навистина не изненади е фактот дека негативни последици се јавуваат само 5 минути откако корисникот ќе го отвори Фејсбук. Се чини дека луѓето не мора да поминат многу време на друштвена мрежа за да го почувствуваат тоа влијание “, вели професор Fellow.
Andrew T. Stephen, еден од водителите на истражувањето, вели дека резултатите од истражувањето не значат дека треба да престанеме да го користиме Фејсбук, туку мора да бидеме свесни за тие потенцијално негативни последици, затоа е добро да се обрати внимание ако после посетата на таа друштвена мрежа повеќе јадете или пак трошите повеќе пари.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




