ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЦЕА: Има ли решение за буџетската нетранспарентност?
Објавено во: Финансии 10 Мај, 2014 08:38
“Транспарентноста во Македонија ќе се зголеми, и од вредност на индексот од 35 кој го имала земјата во 2012 година, во 2014 година вредноста на овој индекс ќе се зголеми и ќе изнесува 47. Ова значи дека Макеоднија ќе ја подобри својата позиција, и од групата на земји кои обезбедуваат минимални информации за буџетските доку-менти и буџетскиот процес, ќе се искачи во следната група на земји кои обезбедуваат некои информации за буџетските документи и буџетскиот процес. Дополнително, ако се изработи и пред-буџетска изјава индексот ќе се изнесува 50, а доколку пак се изработи и Граѓански буџет тој ќе изнесуа 54“ – се наведува во истражувањето на ЦЕА.Што со буџетскиот дефицит и јавните долгови... Планираниот и пректиран буџетски дефицит редовно се пробива а владата не ги почитуваа сопствените правила. Ова е еден од заклучоците посветени на делот за фисклана дисциплина, односно дефицит и задолжувања. “Пристрасност кон дефицит, како неуспех од дискреционо водење на политики: Владата редовно го пробива планот за буџетскиот баланс, не ги почитува сопствените фискални правила и покажува пристрасност кон буџетски дефицити“- се вели во анализата во која се потсетува дека според Меѓународниот монетарен фонд, фискалната транспарентност во јавните финансии е главен елемент за макроекономска и фискална стабилност кој треба да води кон повисоки стапки на економски раст“ – се посочува во истражувањето и се додава:
“Укажавме дека намалувањето на фискалната дисциплина, неусогласеност на долгорочни цели со краткорочни очекувања резултираат со намалена фискална транспарентност, намален квалитет на предвидувањата на макро-фискалните варијабли, губење на смислата на планирање на среден и долг рок и неможност на економските агенти да ги планираат и сопствените идни економски активности.“ – се посочува во истражувањето.Зголемената нетранспарентност води кон намалена фискална дисциплина. Според истражувањето на ММФ,еве поради фактори се случува неочекувано зголемување на државните долгови: 23% поради некомлетни информации, 37% поради потценување на влијанието на шоковите и 18% поарди дискреционите политики. Што порачуваат аналитичарите.... Македонските власти треба да превземат серија на чекори ако сакаат да обезбедат поголема буџетска транспарентност а со тоа и да ја подобрат позицијата на Макеоднија во светски рамки. Според аналитичарите од ЦЕА, зголемувањето на транспартентноста треба да почне од измена на тајминзите за доставување на Буџетот во Собранието, до корекции внатре во самиот буџетски документ.
“Документот би можел да содржи податоци за капитални инвестиции кои се планираат да се реализираат со Буџетот, а не фигурираат како посебни Програми или потпрограми во Предлог Буџетот. Добро решение би било на крајот од Предлог Буџетот како додаток да бидат наведени инвестициите кои можеби повеќе имаат локален карактер (како на пример водовод и канализација, училишта, локални патишта и друго) и да биде наведено место каде ќе се реализира пооделен проект, потоа поединечната сума за секој проект и рок на реализација. Моменталната структура на Буџетот дава само општ податок како на пример: изградба на основни училишта и вкупната сума која се планира да се потроши за таа намена за соодветната година, но не се наведени детални податоци.“ – се вели во анализата на ЦЕА.Од таму на Владата и препорачуваат дека Фискалнта стратегија да биде достапна на пратениците пред да се достави Предлог-Буџетот, а не откако ќе почне собраниската расправа или откако таа ќе заврши. Во исто време анализата укажува на тоа дека законот за Буџет треба да биде доставен порано од сегашниот рок 15 ти ноември.
“Би можело тој рок да биде отприлика во текот на месец септември или до крајот на октомври. Со тоа би им се овозможил на пратениците поголем период за проучување на Предлог Буџетот со цел подобро да се подготват за дебата по истиот. “ – се оценува во извештајот.Еве дел од препораките на аналитичарите:да се направи анализа за потребата од ревизија на буџетскиот календар каде ќе бидат вградени реалните временски ограничувања за администрацијата кај буџетските корисници, да се подготвува Пред-буџетска изјава и Граѓански буџет, да се подготви анализа на потребата од подготовка на буџет базиран на резултати (перформансе буџет), Фискалната стратегија да премине во буџетска рамка на среден рок и да се разгледува и усвојува во Собранието и “Програмата за јавни инвестиции“ да се разгледува и усвојува во Собранието. Ова најново истражување ја анализира економската состојба по настаните од 24 декември, при што се посочува дека од Центарот за граѓански анализи се убедени дека контекстот на неуспехот на системот на јавните финансии во Македонија од декември 2012 година е силно поврзан со правилата на кои лежи еден современ систем кој треба да почитува фискални правила и фискална транспарентност.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





