05 Декември, 2025
0.0312

ИСТРАЖУВАЊЕ: Ниту една буџетска институција не е транспарентна во трошењето државни пари!

Објавено во: Финансии 20 Ноември, 2014 11:46

Добивај вести на Viber

Од вкупно 60 набљудувани институции - буџетски корисници, ниту една не може да се оцени како транспаретна во трошењето на државните пари, покажа исражувањето на Центарот за економски анализи и Институтот за демократија „Социетас цивилис“. Овие организации спроведоа мониторинг на транспарентноста и отчетноста на буџетските корисници во мај и јуни годинава. Притоа, се мерела транспарентноста на јавните пари - јавно споделени информации за програмите и буџетот на буџетскиот корисник и отчетноста на резултатите – процедури на отчетност и мерење на резултати, односно перформанси на буџетските корисници. Набљудувани биле 60, од вкупно 91, буџетски корисник, односно 66% од сите буџетски корисници. Единствен позитивен пример за транспарентност на резултатите од ревизија е самиот Државен завод за ревизија, а единствен позитивен пример за транспарентност на месечните буџетски извештаи е Фондот за здравствено осигурување. Дирекцијата за заштита на личните податоци е позитивен пример за институција која ги има објавено сите годишни извештаи од нејзиното основање. Само 3,3% од мониторираните државни институции на својата веб страница го имаат објавено тековниот буџет на институцијата. Голем број, дури 90% од институциите не ја објавуваат завршната сметка. Ниту една од институциите во својот буџет не вклучува аутпут показатели за расходните програми. Само  13,3% од институциите објавуваат годишни или полугодишни извештаи за реализација на програмите од буџетите. 39,17% од институциите не објавуваат никакво објаснување за разликата во предвидените и реализираните расходи. 71,67% од институциите не го објавуваат стратешкиот план, а 80% не ја објавуваат програмата за работа за тековната година. Ниту една од институциите што го објавува буџетот не го објавува во поедноставена форма, разбирлива за граѓаните, како на пример Граѓански буџет. Ниедна од институциите нема постигнато позитивна оценка за буџетска транспарентност ниту за половина од индикаторите, но споредено меѓу сите институции, буџетски најтранспарентна институција е Агенцијата за остварување на правата на заедниците - степен на транспарентност од 38%, потоа  Фонд за здравствено осигурување - степен на буџетска транспарентност од 34% и Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер - степен на буџетска транспарентност од 30%. Во делот на Отчетност на резултати – процедури на отчетност и мерење на резултати, односно перформанси на буџетските корисници беа интервјуирани/анкетирани 32 институции, односно 35% од 91 буџетски корисник и беше утврдено дека: -          Само 21,9% од институциите користат пропишана методологија за евалуација на постигнатите аутпути од програмите; -          Само 34,4% од институциите ги имаат поврзано своите завршни сметки на буџетот со показателите на аутпути и на резултати од соодветните програми; -          28,1% од интевјуираните државни службеници сметаат дека има недостиг на човечки ресурси за подготовка на буџетите; -          Вкупно 90,6% од интервјуираните државни службеници одговорија дека немаат програма за обука на персоналот за нови начини на презентација на буџетот; -          Дури 31,3% од интервјуираните државни службеници не слушнале што е буџет базиран на перформанси, додека 50% слушнале, но не знаат точно што тој претставува.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката