ИСТРАЖУВАЊЕ: Секој десетти Македонец смета дека коронавирусот не постои
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Мај, 2021 07:36
Иако помина повеќе од една година од почетокот на епидемијата, дел од македонските граѓани се скептични дека коронавирусот постои. Секој десетти Македонец смета дека коронавирусот не постои. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење кое го направила Владата.
11 отсто од граѓаните сметаат дека коронавирусот не постои, додека 3 отсто немаат одговор на ова прашање. Вирусот е реалност за 86 проценти од анкетираните испитаници.
Врз основа на истражувањето, 73 проценти од граѓаните изјавиле дека немаат прележано Ковид 19, 51 отсто дале потврден одговор на прашањето дали ќе се вакцинираат, 18 проценти се уште не одлучиле, а 28 отсто изјавиле дека не размислуваат да се вакцинираат. Жените се позагрижени споредено со мажите.
Инаку, во Македонија бројот на заболени се намалува. Демир Капија и Дојран се градови без активни случаи на коронавирус.
foto freepik
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




