ИСТРАЖУВАЊЕ: Секој петти излечен од Ковид-19 добил психичка болест
Објавено во: Свет, Корона Вирус 10 Ноември, 2020
Секој петти излечен од Ковид-19 добил психичка болест, тврдат научници.
Истражувачите од Универзитетот Оксфорд, го објавија овој податок по направено големо истражување кое покажало дека 20 проценти од заразените развиле ментални проблеми во рок од три месеци.
Најчести нарушувања биле анксиозност, депресија и несоница, но истражувачите откриле и поголем ризик од деменција.
„Лекарите и научниците ширум светот се обидуваат да ги утврдат причините за ментални нарушувања што е можно побрзо и да најдат одреден третман за лекување на психата по заздравувањето од коронавирусот“, вели истражувачот Пол Харисон.Студијата, која е објавена во психијатрискиот журнал „Лансет“, електронски анализирала податоци од 69 милиони луѓе во САД, вклучувајќи 62.000 кои биле заразени со коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.