Италијанците во „лов“ на туристи, нудат седум дена гратис
Објавено во: Свет, Корона Вирус 29 Јули, 2020
Откако беа најпогодена европска земја од коронавирусот на европско тло, Италијанците сега се трудат да го закрепнат туризмот.
За таа цел се нудат многу поволности за потенцијалните гости.
Педесет бесплатни еднонеделни престои за туристите во Филињано во италијанскиот регион Молисе, се во рамки на иницијативата за заживување на туризмот.
Проектот е инициран од општината со околу 600 жители во соработка со хотелот „Ле Гинестре“, кој нуди бесплатни седумдневни престои во периодот од 17 јули до 25 септември.
Важно е туристите заинтересирани да учествуваат во проектот да не живеат во регионот Молизе или да немаат роднини во областа.
Ова место е лоцирано на два часа возење од Рим.
Светската туристичка организација (UNWTO) ги објави загубите во туризмот настанати поради пандемијата на ковид-19. Во мај годинава тие изнесуваат 320 милијарди долари, при што е забележан пад од 300 милиони туристи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.