Италијанка не сакала да носи маска во авион, по што е уапсена и осудена
Објавено во: Свет, Корона Вирус 11 Јануари, 2021
Патничка која одбила да носи маска во авион, e уапсена и осудена.
Авион, кој летал од Малта кон Италија, морал да се врати кратко по полетувањето, затоа што една патничка одбила да носи заштитна маска. Судот објави дека 24-годишна Италијанка, жителка на Бугарија, влегла во расправија со екипажот на лет кој трае 20 минути, одбивајќи да стави маска, иако била предупредена дека тоа претставува здравствен ризик за сите во авионот. Авионот на летот кон италијанската провинција Катанија се вратил на Малта, а жената веднаш била уапсена и однесена на суд. Таа признала дека одбила да ги следи упатствата на членовите на екипажот. Таа е осудена на шест месеци затвор, условно на две години.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.