Италијанска компанија нуди 500 милиони евра за нов надвозник во Џенова
Објавено во: Свет 19 Август, 2018
Италијанската компанија задолжена за автопати (Autostrade per Italia) соопштила дека подготвила 500 милиони евра помош за Џенова повторно да го изгради надвозникот, кој пред неколку дена се урна и каде настрадаа 43 лица.
„Парите ќе бидат на располагање во понеделник“, рекол директорот на компанијата Џовани Кастелуџо и додал дека веројатно ќе бидат дадени уште пари, пренесе Франс прес.
Според неговите зборови, можно е за околу осум месеци да се отстранат остатоците од урнатиот мост и да се изгради нов од челик. Кастелуџо додал дека ќе бидат укинати патарините на автопатиштата околу Џенова.
Болницата во Џенова соопштила дека романски возач кој е повреден во несреќата, им подлегнал на повредите, така што бројот на жртви се искачил на 43.