Добивај вести на Viber
Во посета на Македонија денеска доаѓаат претставниците на Стопанската комора на регионот Венето, Република Италија, кои заедно со Стопанската комора на Македонија, а во соработка со ХОТАМ ќе остварат билатерални бизнис средби на македонски и италијански компании.
Италијанските бизнисмените ќе се запознаат со можностите за инвестирање во земјава, како и со потенцијалите за водење бизнис во неколку стопански комори.
На форумот ќе учествуваат стопанственици од областа на угостителството и производството на мебел, внатрешно уредување и опрема за професионални кујни. Тие се во посета на Македонија со цел воспоставување деловни контакти.