19 Декември, 2025
0.0696

Итно да сопре објавата на резултати од дијаспората, ДИК реагира

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2016 16:15

Добивај вести на Viber

Државната изборна комисија предупреди да не се објавуваат резултатите од гласањето во дијаспората, особено од Австралија каде изборниот ден веќе заврши. 

На повеќе профили и страни на социјалните мрежи се шират информации за тоа кои партии каков резултат постигнале што е спротивно на законот бидејќи тие треба да се објават исто како и во Република Македонија, по 19 часот на 11 декември кога официјално завршува гласањето и се затвараат сите гласачки места, па потоа започнува пребројувањето на гласови.

Повеќе членови на политчка партија на своите профили на Фејсбук веќе ги објавија преброените гласови и во чија полза се.

За таа цел ДИК ги засили комуникациите со избирачките одбори во дипломатско конзуларните претставништва откако на социјалните мрежи почнаа да кружат бројки за резултатите од гласањето на дијаспората во Австралија. 

Избирачките одбори во странство имаат добиено инструкции дека е забрането објавување на било какви резултатите пред 19 часот на 11 декември велат од ДИК, но ако информациите протекле од набљудувачи, тогаш ДИК нема никакви ингеренции.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината