19 Декември, 2025
0.1681

Иуте Кредит донираше сензорна соба во ООУ. „Гоце Делчев“ во Прилеп во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Објавено во: Мои пари 19 Октомври, 2022 10:27

Добивај вести на Viber

Нови можности за подобрување на способностите на децата со типичен и атипичен развој, со новата сензорна соба во ООУ „Гоце Делечев“ во Прилеп, прва во градот во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европската Унија.

Стручната служба и наставниот кадар во ова катче ќе може да работат со децата и да ги насочуваат кон задачите и полесно да го одржуваат нивното внимание, да изведуваат координирани моторни активности, самостојно да планираат и реализираат нови задачи, како и да развиваат социјални релации. 

Iute Credit како општествено одговорна компанија по трет пат се приклучува кон иницијативата за подобрување на капацитетите училиштата вклучени во проектот и ја поддржа реализацијата на оваа сензорната соба.

„И овој пат сме среќни што имаме можност заедно со фондацијата „Чекор по Чекор” да бидеме дел од изградбата на сензорна соба која со сигурност ќе им помогне на учениците кои имаат потреба од неа да напредуваат и полесно да ги совладаат наставните материјали. Секоја инвестиција во ваков тип на проекти ја гледаме како инвестиција во едно поздраво и понапредно општество каде децата и младите имаат еднакви шанси за развој, квалитетно образование и поубава иднина“ – рече Јасмина Апостолоска од Iute Credit.

Бранка Џајковска од Фондацијата „Чекор по чекор“ истакна дека сензорните соби претставуваат инструмент за подобро учење и развој на учениците со попреченост, а со тоа сме и поблиску до квалитетно образование за секое дете.

„Оваа е 17 сензорна соба реализирана како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Тие се опремени со елементи кои се од голема корист за учениците со интелектуална попреченост, со хиперактивно однесување, ученици од аутистичниот спектар, деца кои имаа проблеми со моториката и сл. Изборот на опремата и елементите во опремувањето на секоја сензорна соба, го правиме низ консултативен процес со специјалните едукатори, педагозите, психолозите и наставниците во училиштата со цел тоа што ќе се набави да одговара на нивните потреби, за да можат тие максимално да ги исползуваат во нивната работа.“ – изјави Џајковска.

Сензорната соба е спроведена како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија, и е пример за суштинско вклучување на учениците со попреченост во образовните текови и придонесува кон подобрување на инклузивноста во образовниот процес во државата. Подготовката и крајниот резултат од оваа активност може да ги погледнете на следниот линк: https://youtu.be/zEhE0jLRDOY

Проектотго реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери, Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција