Иванов: Мојот говор не ги предизвика инцидентите

Објавено во: Македонија 03 Август, 2018 09:01
Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов синоќа соопштија дека жалат за инцидентот на прославата на Илинденското востание во Крушево за 2 Август, но дека тој не бил предизвикан од пораките во говорот на претседателот.
Пред говорот на Иванов, нападната беше делегацијата на Владата предводена од вицепремиерот Кочо Анѓушев, додека при положувањето на венците имаше погрдни извикувања, свирење и навредливи песни, за што привремено и МРТ го прекина преносот и се врати во студио.
„Петседателот на Република Македонија никогаш не поддржувал инциденти и говор на омраза. Жалиме што владината делегацијата беше исвиркана на одбележувањето на празникот Илинден на Мечкин Камен во Крушево, но сметаме дека тоа на ниту еден начин не беше предизвикано од пораките упатени од претседателот Иванов“, пишува во реакцијата на Кабинетот на Иванов.
Оттаму и порачуваат на Владата самата да се праша зошто македонскиот народ на тој начин реагира кон владините претставници и, како што се наведува, таа да преземе одговорност зошто народот е поделен и шири говор на омраза кон државните институции и неистомислениците.
Можеби ќе ве интересира
ПОВРЕДЕНИОТ ЕФТИМОВ РАБОТИ СО ТИМОТ: Ќе има онлајн решение преку кое секој граѓанин ќе може да пријави неправилности

НЕГОТИНЕЦ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ: Украл автомобил и го возел пијан

ФИЛИПЧЕ: Секој од нас во себе има сила да придонесе да ја направи оваа земја подобра

ГАШИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Нашата должност е заеднички да градиме мостови на разбирање

СЕМЕЈСТВОТО Е МНОГУ БЛАГОДАРНО: Директорката на болницата од Италија дојде во Штип да го види пациентот

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Најискрено се надевам дека Велигден ќе ни донесе утеха, добра мисла и оптимизам

МИЦКОСКИ: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА Е ВО ЧИКАГО: Нека овој наш најголем христијански празник ни донесе мир
