Иванов му порача на Заниер дека платформата нема да помине!
Објавено во: Македонија 09 Март, 2017 14:44
На средбата со генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер шефот на државата го повторил ставот во однос на доделувањето мандат, односно дека, како што ја нарекува Иванов, платформата од Тирана треба да биде осудена.
Иванов му соопштил на Заниер дека кризата има правен и политички аспект, кои се проблем, но и услов за излез од неа.
„Во однос на правниот аспект поврзан со роковите за доделување на мандатот, Иванов истакна дека е лесно надминлив. Во однос на политичкиот аспект, претседателот Иванов истакна дека останува на ставот дека платформата од Тирана треба да биде осудена и отфрлена, исто како и мешањето во внатрешните работи на Република Македонија, кои не помагаат во напорите за добрососедски односи и за стабилноста и безбедноста во регионот“, соопштуваат од претседателскиот кабинет.
Генералниот секретар на ОБСЕ пак изразил загриженост за меѓуетничките тензии и апелирал сите да направат конструктивни чекори за надминување на кризата. Тој се согласил со Иванов дека лидерите од регионот треба да се воздржат од штетна реторика.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




