ИВО АНДРИЌ, МИХАЈЛО ПУПИН, НО И ЧКАЉА: Кои ликови ќе ги красат српските пари?
Објавено во: Економија 29 Октомври, 2022
Последната
промена на банкнотите во оптек е направена во 2011 година, кога Народната банка
на Србија воведе апоен од 2.000 динари, на која има портрет на српскиот
математичар Милутин Миланковиќ.
Уште од пред две години има предлог за нов дизајн на српски банкноти, кој вклучува редизајнирани апоени од 50, 100 и 200 динари.
На банкнотата од 50 динари, би се нашло уметничкото дело „Таковско востание“ на сликарот Пајо Јовановиќ.
На редизајнираната банкнота од 100 динари ќе има пејзажни мотиви од природниотен резерват Увац и белоглав орел, додека на банкнотата од 200 динари, на која е претставен портретот на сликарката Надежда Петровиќ од 2005 година, ќе биде прикажан научникот Никола Тесла со бел гулаб во неговата рака..
Контроверзноста околу промените на банкнотите повторно стана актуелна на Reddit, кога еден од корисниците праша „кои личности би сакале да ги видите на српските банкноти?
- Мои предлози: Доситеј Обрадовиќ, Милунка Савиќ, Пајо Јовановиќ, актерот Предраг Петровиќ Чкаља... - напиша авторот на статусот.
Корисниците се согласиле дека дефинитивно би сакале да го видат српскиот научник Михајло Пупин, потоа Иво Андриќ, а еден од корисниците истакнал дека би било убаво да се види ликот на жена на една од банкнотите.
- Можеби Милунка Савиќ е најлогично да биде на некоја од банкнотите, бидејќи моментално имаме само една жена, а таа секако го заслужи тоа - гласи еден од коментарите.
Покрај ликовите, граѓаните на банкнотите би сакале да видат и пејзажи од Србија, а дале и интересен предлог од што би можеле да бидат направени банкнотите.
- Мислам дека треба да направиме пари како Канаѓаните... од пластика. И дека на нив нема личности, туку само грбот и предели на Србија... релјефи, манастири, животни итн. - додава еден корисник.
- Исто како и нашите национални животни. Волк, орел и рис - пишува во втората.
ФОТО: YouTube* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.