ИЗБОРИ ВО ХРВАТСКА: Јосиповиќ и Колинда Грабар Китаровиќ одат во втор круг
Објавено во: Балкан 28 Декември, 2014 22:27
Во вториот круг на избори за претседател на Хрватска, според обработениет 97 одсто од гласовите одат кај Иво Јосипович со 38,57 одсто од гласовите и кај кандидатката на ХДЗ Колинда Грабар Китаровиќ која освои 37,08 одсто.
Според податоците на Државната изборна комисја објавени во 21.55 на интернет порталот на Комисјата, актуелниот претседател Јосиповиќ во вториот круг ќе се бори со Колинда Грабар Китаровиќ.
Комисјата најавила дека во 22 часот ќе одржи конференција за новинари на која ќе ги објави првите неофицијални резултати.
Денот на изборите за претседател во Хрватска поминал мирно, без поголеми нерегуларности.
Вкупно 6350 избирачки места ги надгледувале речиси 22 илјади набљудувачи, најмногу во последните неколку изборни циклуци.
Избирачките места биле отворени во седум часот, а затворени во 19 часот.
Хрватскиот претседател се избира на мнозински изборен систем, односно претседател станува оној кој добива мнозинство од гласовите од сите гласачи кои гласале (50 одсто плус еден глас).
Доколку тоа не се случи, двајцата кандидати со најголем број гласови одат во втор круг, кој ќе се одржи 14 дена подоцна, значи на 11 јануари.
Претседателскиот мандат трае пет години и, според хрватскиот Устав, никој не може на таа функција да биде избиран повеќе од двапати по ред.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




