Изет Меџити; Ние ја направивме разликата помеѓу Пендаровски и Силјановска
Објавено во: Македонија 22 Април, 2019 16:59
Изет Меџити, шефот на изборниот штаб на ДУИ за поддршка на Стево Пендаровски како кандидат на претседателските избори рече дека владиниот коалиционен партнер не може да биде обвинет за бојкот на изборниот процес.
Поранешниот трикратен градоначалник на Чаир вели дека разликата меѓу Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова, која во првиот круг како кандидат на опозицијата загуби мошне тесно, ја направил ДУИ, ибедувајќи ја јавноста дека истото ќе биде постигнато и во вториот круг.
- ДУИ го поддржа Пендаровски, а гласовите на ДУИ се одлучувачки за победата на Пендаровски во првиот круг. Сега е многу јасно дека Алијансата за Албанците и г-дин (Блерим) Река излегоа со кандидат на овие избори само да за да им се помогне на Силјановска и на ВМРО-ДПМНЕ на сцената - изјави Меџити.
Според Меџити, дали ДУИ ја изгубил легитимноста кај Албанците не може да се каже на претседателските избори, затоа што, според него, тие не се релевантни за мерење на такво нешто. Тој додава дека на локалните избори во Дебар, каде што ДУИ иако тесно победи уште во првиот круг, беше докажано која политичка опција ужива легитимитет кај Албанците.
Можеби ќе ве интересира
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата




