16 Декември, 2025
0.1880

ИЗГЛАСУВАЊЕТО НА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ВЛАДЕЈАЧКАТА КОАЛИЦИЈА Е ЧЕКОР НАПРЕД, сепак, не сите од коалицијата гласаа ЗА

Објавено во: Македонија 16 Јули, 2022 15:40

Добивај вести на Viber

Владејачката коалиција го поздравува изгласувањето на заклучоците од европскиот предлог за продолжување на преговарачката рамка со ЕУ. 

На Фејсбук со порака се јави Претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски кој изрази огромна благодарност и честитки до пратениците кои денеска во Собранието ги изгласаа заклучоците за европскиот предлог.

- Честитки и огромна благодарност до пратениците кои денеска покажаа  демократски капацитет, ги поддржаа заклучоците за европскиот предлог и гласаа за европска иднина на државата. Нема поголем патриотизам од поддршката за просперитет на земјата и од одлуки кои се од највисок интерес за државата и граѓаните. Конечно македонскиот јазик ќе ечи секаде низ Европа. Вака се сака државата, со мудри и државнички одлука- порача Ковачевски на неговиот Фејсбук профил. 

Со соопштение се огласи и најголемиот колиционен партнер во Владата. Демократската унија за интеграција ја поздрави одлука за прифаќање на францускиот предлог донесена од страна на Собранието на Република Северна Македонија со кој се запечати идеолошката ориентација на земјата без друга алтернатива, онаа за интеграција во Европската унија.

- Денес, триумфираше рационалноста, се зачуваа европските корени на земјата и беа поразени деструктивните обиди на регресивните проруски сили. Граѓаните на оваа држава не подпадна на измамите, провокациите, конфузијата и не ги поддржаа протестите кои имаа за цел да ја вратат  државата наназад, по сите заеднички достигнувања. Нашето патување кон Европа ќе го направиме заедно, со достоинство и целосен демократски капацитет. Ја имаме поддршката на сите земји од Европа и на Соединетите Американски Држави, со кои успешно ги поминавме сите предизвици за демократизација на земјата. Демократската унија за интеграција остана силно ангажирана во реализацијата на оваа цел за одблокирање на евроинтегративниот пат заедно со коалициските партнери и ќе продолжи да биде дел во прогресивниот табор во секој неопходен процес до целосното остварување на сонот за интеграција на земјата во Европската Унија - се наведува во нивното соопштение. 

Единствено претставникот на Демократскиот сојуз не се вклучи во изгласувањето на францускиот предлог. 

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и пратеник, не гласаше за заклучоците предложени од СДСМ и ДУИ. Тој од говорницата порача да се гласа за заклучоците што ги предложи, со кои се задолжува Владата да се заложи во Преговарачката рамка да се вгради став за македондкиот јазик, да се изостават билатералните прашања и историските теми, како и Протоколот.   

Потоа да има една меѓувладина конференција за почнување на преговорите со ЕУ, а вградувањето на Бугарите во Уставот да биде на реципрочна основа, односно Бугарија да ги признае правата на Македонците кои живеат во Бугарија. ДС цврсто стои на определбата Македонија да стане полноправна членка на ЕУ, но согласно европските принципи и стандарди и Копенхагенски критериуми, кои целосно ги исполнува.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети

Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта

Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта

ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар

ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар

„АКО ОДБИВА ДА ПОТПИШЕ - СЀ Е ЈАСНО“: СДСМ тврди дека Мицкоски не ја зборува вистината за мигрантите

„АКО ОДБИВА ДА ПОТПИШЕ - СЀ Е ЈАСНО“: СДСМ тврди дека Мицкоски не ја зборува вистината за мигрантите

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието

Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...

Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...

И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат

И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат