ИЗГОР ЦЕНИ: Во овој туристички град ќе платите 22 евра за хамбургер
Објавено во: Балкан 05 Август, 2018
Изгор цени доколу одите на одмор во Хрватска. Во Хвар парче пица чини 30 куни (4 евра), а за еден од најскапите хамбургери треба да платиле 165 куни (22 евра или околу 1300 денари). На хварската плажа Боњ, порција компирчиња се продава за 6 евра, а сендвич чини 13 евра. Точено пиво се продава по цена од околу 4 евра.
На Хвар и за обично еспресо во кафуле се плаќа 2,5 евра, за шише вода околу 3 евра, а за топче сладолед 2 евра.