19 Декември, 2025
0.0409

Изложба на Владимир Лукаш во Монтажната галерија на ЦСУ

Објавено во: Мои пари 27 Октомври, 2022 08:37

Добивај вести на Viber

Денес, 27 октомври, со почеток во 20:00 часот во Монтажната галерија на ЦСУ во паркот на Франкофонијата ќе биде отворена изложбата на современиот македонски уметник Владимир Лукаш, Hello, Deadline, my old friend I’ve come to talk with you again.

На изложбата ќе бидат претставени дела изработени во комбинирана цртачка/сликарска техника коишто беа создавани во Монтажната галерија текот на изминатата недела.

„Создавањето во духот на изненадувањето кое ги испитува можностите што ги нуди промената на форматот, колоритот и презентацијата нѐизведувапредскриенатасуштинанауметностакогасетвориворокови, т.е. когасеистражуваатдаденитеветувања. Вотаасмисла Hello, Deadline, my old friend I’ve come to talk with you again претставува резултат на личното и колективно освестување на ограничувањата што ни ги задава зададената задача“, стои во образложението на изложбата осмислено како Метамодернистички манифест во пет дневнички точки од Дарин Ангеловски, куратор на проектот/изложба.

„Навраќањето кон богатата палета на бои, склоноста кон детаљот, промената на форматот заедно со експериментирањето при изложувањето, упатуваат на примена на низа изразни новини кои дискретно го менуваат јазикот на досегашната ликовност на Лукаш: неговиот препознатлив нестандарден формат сега е разраснат до размерите на монументалниот визуелен израз; цртачката техника како да посегнува кон сликарската; фигурацијата иако е доследна на раскажувањето, таа овој пат повеќе е врзана со идејата за алегориско-симболичката нарација, одошто со елементите на зборовната графичкост што се својствени за неговите претходни изведби во монохроматскиот цртачки код. Сето тоа упатува на едно специфично организирање на светот на омилената тема на авторот: Човекот и неговата речиси лирска драма“, стои уште во образложението.

Владимир Лукаш (1978, Скопје) е музичар и визуелен уметник. Учествувал во бројни групни изложби и перформанси во Македонија и во странство. Изложува самостојно и колаборативно свои дела во областа на ликовните уметности, анимацијата, книжевноста. Живее и работи во Скопје.

Проектот/изложба е финансиски поддржан од Министерство за култура на РС Македонија и Општина Центар.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“